„КИРК“ УДРИ ВО ЕВРОПА, АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ФРАНЦИЈА: Нема струја, улиците под вода, едно лице загина
Објавено во: Свет 10 Октомври, 2024 10:41
Страшни сцени од Франција: Бура Кирк ја зафати Европа,
Бурата Кирк ја погоди јужна Франција и најмалку едно лице загина. Повеќе од 65.000 домаќинства останаа без струја, јави француската телевизија БФМ.
На југот на Франција ветерот превртел три чамци, при што едно лице загинало, а едно е во критична состојба. Трите најзагрозени општини се Атлантските Пиринеи, каде 16.000 домаќинства се без струја, Ду, каде 9.500 домаќинства остануваат без струја и Јура, 4.900.
Железничкиот сообраќај утрово е во прекин на неколку локални линии во пет региони поради поплави и соборени дрвја од ураганот Кирк. Францускиот весник „Фигаро“ објави дека синоќа имало голема штета во просториите на Националното собрание. Во просторот каде што се наоѓаат канцелариите на пратеникот, вода навлегла во дел од просториите, особено во подрумот.
Ex hurricane Kirk still making an impact. This is Unverre in the Eure-et-Loir department in northern France tonight...pic.twitter.com/jC48cerykT
— Volcaholic (@volcaholic1) October 10, 2024
Мондо.рс
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




