08 Јануари, 2025
0.0256

КИРО ГЛИГОРОВ: Претседателот кој замина како голем човек!

Објавено во: Македонија 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Првиот македонски претседател, Киро Глигоров застана на чело на државата на 18 септември 1991 година, на свои 74 години што го вброиа во групата на “најстари“ претседатели во светот. Ја водеше Македонија четири години, и по претседателските избори во 1995 година, повторно доби нов, втор мандат.

Тогашната ВМРО-Дпмне во деведесеттите години го оспори легитимитетот на Глигоров, со образложение дека големата поддршка во гласовите е “изборен фалсификат“.

Годинава се одбележаа пет години од неговата смрт а денес Македонија слави 100 години од неговото раѓање.

Глигоров остави печат на еден од најзначајните протагонисти на македонската независност. Не веруваше дека лесно ќе се најде решение и компромис со Грција  за проблемот со името. 

Во неговиот двоен претседателски мандат се соочи со можеби најтешките години во блиската историја: ембарго, блокади, нестабилност во регионот, внатрешни етнички тензии, пробив на Макеоднија на меѓународната сцена, признавање и лобирања. 

Тогашната силна албанска партија ДПА нескриено го обвинуваше Глигоров дека ги игнорира правата и барањата на Албанците во земјава. По донесувањето на Уставот, Глигоров ги презел  сите активности за меѓународното признавање на Македонија. При приемот на Република Македонијаво членство воОбединетите Нации, под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија, го одржал првиот говор пред Генералното собрание на Обединетите Нации на 7 април1993година.

На 3 октомври 1995 година преживеа атентат, но атантаторите никогаш не беа пронајдени. Ја напуши претседателската позиција кога имаше 82 години.

За своето успешно, конструктивно водење и регулирањето на меѓународните односи на македонската држава бил добитник на бројни меѓународни награди и признанија. По говорот на Универзитетот во Питсбург, Соединетите Американски Држави бил прогласен за почесен доктор на Универзитетот, на 21 септември1997 година. На 5 јануари1998 година во Неапол му била врачена Медитеранската награда за мир. 

Неколку цитати

За односите со соседите и историјата

Ние со сите наши соседи сакаме да имаме добри, пријателски односи, да имаме што поотворени граници, и да се свртиме кон оние проблеми кои не обединуваат, кои бараат заемна соработка – економска, политичка, и друга... И да ја оставиме историјата на страна. На Балканот, за жал, многу се живее од историјата...

За достоинството

Најголемо достоинство на нашиот народ е што го сочува мирот, што не влезе во никаква војна, што не носи никаква вина за се она што се случи и што го згрозува целиот свет...

За правото на народот да се изјасни дали е за промени

Никој не може да му го оспори правото на народот да се изјасни дали е за промени. Од тоа демократско начело не треба никој да стравува. Не гледам кого би го загрозил референдумот. Можеби не за сите амандмани, но можеби за еден добар дел народот ќе каже дека ги прифаќа. Во тоа, инаку, не верувам

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМ СНЕЖЕН И ЛАДЕН БРАН ВЕЌЕ ОД ПЕТОК: По божикните празници снег ќе има во цела Македонија

ГОЛЕМ СНЕЖЕН И ЛАДЕН БРАН ВЕЌЕ ОД ПЕТОК: По божикните празници снег ќе има во цела Македонија

„НЕМАМ НАМЕРА ДА АМНЕСТИРАМ ДЕВИЈАНТНИ ОДНЕСУВАЊА“: Мицкоски за Дранго – „итно ќе биде разрешен ако се докаже дека ја застрелал мечката“

„НЕМАМ НАМЕРА ДА АМНЕСТИРАМ ДЕВИЈАНТНИ ОДНЕСУВАЊА“: Мицкоски за Дранго – „итно ќе биде разрешен ако се докаже дека ја застрелал мечката“

ФИЛИПЧЕ И МИЦКОСКИ СИ ЧЕСТИТАА БОЖИК ВО ХРАМОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ: Лидерот на опозициската СДСМ објави фотографии од свечената литургија

ФИЛИПЧЕ И МИЦКОСКИ СИ ЧЕСТИТАА БОЖИК ВО ХРАМОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ: Лидерот на опозициската СДСМ објави фотографии од свечената литургија

ЕКС МИНИСТЕРОТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ И СОПРУГАТА НАСКОРО ОЧЕКУВААТ ПРИНОВА: Со посебна фотографија го честитаа големиот празник

ЕКС МИНИСТЕРОТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ И СОПРУГАТА НАСКОРО ОЧЕКУВААТ ПРИНОВА: Со посебна фотографија го честитаа големиот празник

„БОЖИКНИОТ РУЧЕК Е ДОЛГА МАСА СО РАЗЛИЧНИ ГЕНЕРАЦИИ“: Вака се слави Божик во домот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев

„БОЖИКНИОТ РУЧЕК Е ДОЛГА МАСА СО РАЗЛИЧНИ ГЕНЕРАЦИИ“: Вака се слави Божик во домот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев

ИМА ПОСЕБНО МЕСТО ВО НЕГОВОТО СРЦЕ - ТАРАВАРИ ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕН: Бог не може да биде насекаде, затоа ги создаде Мајките!

ИМА ПОСЕБНО МЕСТО ВО НЕГОВОТО СРЦЕ - ТАРАВАРИ ЧЕСТИТАШЕ РОДЕНДЕН: Бог не може да биде насекаде, затоа ги создаде Мајките!

ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛОТО НА НОВИНАРКА ВО ОХРИД: Повредени нема

ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛОТО НА НОВИНАРКА ВО ОХРИД: Повредени нема

МИЦКОСКИ СО БОЖИКНА ПОРАКА: „Љубовта, вербата и солидарноста да нè водат напред“

МИЦКОСКИ СО БОЖИКНА ПОРАКА: „Љубовта, вербата и солидарноста да нè водат напред“

ГО СЛАВИМЕ НАЈРАДОСНИОТ ПРАЗНИК, БОЖИК – ХРИСТОС СЕ РОДИ: Ова е најголемиот празник на христијаните!

ГО СЛАВИМЕ НАЈРАДОСНИОТ ПРАЗНИК, БОЖИК – ХРИСТОС СЕ РОДИ: Ова е најголемиот празник на христијаните!