19 Декември, 2025
0.0602

Кисела Вода додели ваучери за 48 новорденчиња

Објавено во: Мои пари 01 Февруари, 2014 11:45

Добивај вести на Viber

По 7 ми пат, Општина Кислеа Вода ги собра новите родители со адреса во општинските граници. На 48 семејства кои неодамна добиле  дете и кои доставиле комплетна документација, градоначалничката Билјана Беличанец-Aлексиќ им додели ваучери во вредност од 6000 денари. -          И во оваа календарска година, продолжуваме со традицијата за јавно доделување на ваучери за еднократна парична помош во висина од 6.000 денари на семејствата кои имаат принова. Одлука што ја донесовме кон средината на претходната година и оттогаш доделивме 278 ваучери. Ова говори дека нашата цел, полека но сигурно се исполнува. Тоа е да ги стимулираме семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, но истовремено и да им помогнеме на овие семејствата со скромни средства кои сигурно им се и повеќе од потребни, вели Беличанец – Алексиќ. Од општината велат дека грижата за најмладите ќе продолжи . Градоначалничката ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето, а исплатата на паричните средства се врши по подигнувањето на ваучерот од страна на родителот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии