23 Ноември, 2024
0.0336

КИВАЊЕ, УПОРНА КАШЛИЦА, ТЕЧЕЊЕ НА НОСОТ, АЛЕРГИЈА ИЛИ НАСТИНКА? Пулмологот Марјан Балоски говори за „современата напаст“

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Сезонските алергии се модерна епидемија од кои страдаат дури 600 милиони луѓе во светот. „Современата напаст“ може да предизвика сериозни компликации доколку не се стави под контрола и доколку не се третира соодветно, вели во разговор за Фактор, д-р Марјан Балоски, специјалист интернист и супспецијалист алерголог пулмолог.

Во текот на летните месеци граѓаните најчесто страдаат од поленот на дрвјата што го разнесува ветрот, но и од тревите, а подоцна „виновник“ за алергиски реакции се и коровите.

-Во мај и во јуни сведоци сме на пожолтени плочници од липите кои во овој период цветаат, но липата е дрво кое не е голем предизвикувач на алергиски реакции, иако може да предизвика кај лица кои се подложни. Поголеми проблеми на граѓаните им создаваат брезата, леската, дабот и останатите листопадни дрвја кои се расејуваат со ветер. Сериозни алергиски реакции создаваат и тревите, посебно штотуку покосена трева. Кај посензибилни лица поленот од дрвјата и поленот од тревата предизвикуваат алергиски реакции пред се во носот и тогаш зборуваме за алергиски ринитис. Алергиските симптоми се најчесто кивање, чешање на носот и грлото, течење на носот, затнат нос, кашлање...Ваквата состојба честопати е пропратена и со зацрвување на очите, солзење, печење, чешање, посочува д-р Балоски.

Нашиот соговорник посочува дека доколку навреме не се открие дека станува збор за алергиска реакција, а не за настинка, тогаш една индивидуа може да се соочи со многу посериозна здравствена состојба.

-Реакции на поленовите честички може да се јават и на долнореспираторното стебло и да настанат хорнични компликации. Сакам да нагласам дека најважно од се е да се препознае состојбата, да се утврди дека станува збор за алергија, а не за настинка. Многу често луѓето кои имаат алергиски ринитис, односно киваат, им тече носот, кашлаат, а тоа може да потрае и подолго, ваквата состојба ја третираат како настинка и на своја рака се лекуваат со одредени лекарства кои воопшто не им помагаат. Напротив, состојбата станува многу потешка како резултат на хронични компликации на носот и слузницата бидејќи честопати настануваат и бактериски инфекции. Доколку не се третира состојбата како што треба, кај одреден дел од луѓето се јавува и алергиска астма. Во ваков случај, симптомите се свиреж во градите, отежнато дишење, упорна кашлица и тоа најчесто е во раните утрински часови, појаснува д-р Балоски.

Тој вели дека ваквата здравствена состојба може да се стави под контрола и секој еден поединец кој страда од алергиски реакции може да има навистина квалитетен живот, но со правилен третман.

-Правилниот третман бара правилна дијагноза, Златниот стандард е кожниот прик тест, а ако не може да се изведе се испитуваат специфични IgE антитела кон одредени инхалаторни алергени во крвта со т.н. Rida тестови. Голем број на пациентите се алергични на повеќе алергени, не само на еден. Сепак, во нашава земја имаме ефикасни лекарства со кои алергиските реакции ги ставаме под контрола. Најчесто тоа се назални спрејови и антихистаминици, нагласува нашиот соговорник.

За да се намалат непријатните симптоми, д-р Балоски препорачува да се избегнува колку што е можно алергенот, на тој начин што ќе се ограничи престојот надвор во тој период, особено кога е ветровито, да се избегнува пушењето цигари бидејќи тоа предизвикува дополнително оштетување кое ги комплицира текот и контролата на алергиските заболувања на дишното стебло. 

-Да не се излегува при суви и ветровити денови кога концентрацијата на полен е висока, поретко да се проветруваат просториите, да се избегнува избегнувајте пешачење низ паркови каде има свежо покосена трева, редовно да се менуваат филтрите за климатизација. Освен ова, брз туш и промена на облеката помага да се отстрани поленот што се наталожил на облеката, кожата и косата кога сте биле излезени, советува д-р Балоски.

Анита Буховски

ФОТО: YouTube Print Screen/Telma TV

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип