Ќе бидат опфатени сите кредити, ама кој ќе добие олеснување на плаќањето?
Објавено во: Економија 24 Март, 2020 07:02
Банкарите чекаат на Уредба на Владата за да се види точно како ќе спроведе олеснувањето на плаќањето на ратите за кредитите за граѓаните и за фирмите. Она што е извесно дека најверојатно нема секој клиент да добие повластување од банката. Ова најмногу за тие што немале и нема да имаат проблеми со плаќањата. Тие пак граѓани кои останале без работа, се соочуваат со потешкотии или фирмите кои се погодени ќе имаат низа поволности.
Она што е јасно дека ќе има повеќе опции за олеснување - или одложување, односно грејс-период за отплата на кредитите или пролонгирање на исплатата на кредитот на подолг период. Може да се пресмета и пониска каматна стапка или да се одобри нов, поповолен кредит за рефинансирање на постоечкиот.
Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска рече дека можноста ќе биде дадена за сите кредитни производи односно и за потрошувачките, за станбените и за автомобилските кредити. Секако ќе бидат опфатени и кредитните картички, дозволените минуси, но и кредитите на фирмите.
Банкарите се подготвени да помогнат но сите детали сега се утврдуваат. Сепак нема да станува збор за мораториум за наплатата на кредитите туку повеќе поволности. Сепак се уште не коментираат што точно ќе прават.
Фактор објави вчера дек аи финансиките друштва кои одобруваат брзи кредити ќе понудат низа олеснувања.
А.Т.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





