Ќе биде ли Јакупица новиот национален парк во Македонија?!
Објавено во: Агробизнис 23 Јуни, 2013 20:18
Охрабрени од позитивното мислење на Министерството за животна средина, еколошкото друштво „Вила Зора“, експертите и Партијата на зелените ДОМ, започнаа со изработка за Стратегија за прогласување на планината Јакупица за национален парк.
Веќе се подговува студија за оценка на вредностите на планинскиот предел, а експертите ги одредија границите на кои ќе се истражува.
Иницијаторите на ваквиот предлог, еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес и партијата Дом сметаат дека со заштита на овој планински предел бенефит ќе имаат и државата и локалното население.
„Јакупица е најголема планина по површина во земјава. Таа изобилува со исклучителни природни богатсва и реткости, па затоа вреди да се заштити“, сметаат експертите.
Иницијативата за заштита на Јакупица ја поддржа и министерството за животна средина.
Дали планината ќе стане заштитено подрачје ќе се знае откако ќе завршат сите истражувања на терен и ќе се утврдат нејзините вредности.
„Различниот геоморфолошки, геолошки форми на карпите кои се стари речиси милијарда години на некои места, карпи кои се со интересна форма, бројни пештери, тука е камениот мразник единствена појава во Македонија и меѓу ретките на Балканот", рече др. Ивица Милевски.
Досегашните истражувањата покажале дека специфичната клима како и гео и био диверзитетот, се предусловите кои одат во прилог кон потребата за ставање на овој простор под заштита на државата.
Означени се границите на планинскиот предел кој ќе биде истражуван, сега се утврдуваат деловите за заштита од прва и втора категорија, потоа следува економскиот или делот за искористување во туристички цели.
Македонија има три национални паркови, прогласувањето на четвртиот Шар планина е во процедура, очекувањата се дека Јакупица ќе биде петиот национален парк.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





