19 Декември, 2025
0.3797

ЌЕ ДОБИЕ ЛИ „Фи-Ком“ повторна истрага: Весна Сталевска–Николиќ бара средба со СЈО

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016 14:38

Добивај вести на Viber

До Специјалното јавно обвиниетлство стигнало допис од екс сопственичката на градежната компанија „Фи-Ком“, Весна Сталевска – Николиќ. 

Таа бара средба со тимот на специјалните обвинители а според објавениот напис причината за барањето на прием се корисни информации кои Сталевска – Николиќ тврди дека ги има за случајот  „Фи-Ком“ и дека истите произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.

„Ви се обраќам со молба да ми биде овозможен прием кај некој од Вашите Обвинители во врска со случајот ’Фи-Ком’, бидејќи Вие сте обвинителство специјализирано за случаи кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, верувам дека имам корисни информации кои би помогнале повторно да се отвори овој случај, а во интерес на оштетените, но и на моето семејство“, се вели во дел од обраќањето на Весна Сталевска – Николиќ до СЈО.

Сталевска – Николиќ пред една недела имаше јавно обраќање  до Министерството за правда и Одделот за извршување на санкции, но и до јавноста со барање за нејзино ослободување од натамошно издржување од затворската казна.

Случај „Фиком“ - измама тешка над 10 милиони евра 

Мега градежната афера „Фиком“ медиумите ја открија во 2006 година кога група граѓани тврдеа дека нивниот стан бил продаден уште на неколку лица. Сопствениците на Фиком, сопружниците Николиќ (сопругот се самоуби а жената се уште издржува казна затвор) во седум згради во централното градско подрачје продавале станови по цена од 450 до 500 евра за метар квадратен, без склучен договор. Николиќ е осуден во април 2007-ма, а според пресудата, со продажбата на исти станови на повеќе граѓани создал измама тешка околу 12 милиони евра. Стотици семејства беа оштетени, дадоа пари - не добија станови, а зградите уште стојат недоизградени. 

Дали по „Фиком“ нешто се смени? 

По аферата Фиком, институциите ги зајакнаа контролите за да спречат слични појави. Министерството за транспорт и врски неколкупати го смени Законот за градење, со кој наметна зајакната финансиска контрола за градителите. Општина Кисела Вода, на чија територија се случија најголем дел од измамите, почна со издавање сертификати кои гарантираа дека еден стан не може да се продаде два пати. Сепак, ова не беше доволно. Иако поретко, сепак уште многу граѓани, пред сè мотивирани од пониските цени, паѓаат во мрежата на измамници во продажбата на станови

Може ли овој скандал да добие нов тек?

Засега е неизвесно дали по обраќањето до СЈО случајот „Фиком“ нов тек.

Весна Сталевска – Николиќ во затворот „Идризово“ е повеќе од десет години и поради нарушена здравствена состојба бара казната да и биде намалена. 

Таа исто така во последното обраќање до надлежните тврдеше дека нејзиниот сопруг, под сомнителни околности, извршил самоубиство во затвор, а потоа одби да ја комуницира со јавноста, притоа одбивајќи ја и хемотерапијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки