20 Декември, 2025
0.0727

Ќе добие ли Јанкулоска казна затвор за набавката на мерцедесот?

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2018 12:10

Добивај вести на Viber

Oбвинителката Фатиме Фетаи бара затвор за екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“. 

Специјалното јавно обвинителство во своите заврши зборови во судскот процес за набавката на мерцедесот побара осудителна пресуда за Јанкулоска за злоупотреба на службата положба и овластувања.

„Со умисла го поттикнала Ѓоко Поповски незаконски да постапи и да фаворизира економски оператор за набавка на конкретното возило“ – рече Фетаи.

Отежнителни околности како што кажа Фетаи е степенот на кривичната одговорност затоа што делото е направено додека Јанкулоска била на функција. Како единствена олеснителна околност од СЈО ја посочија семејната положба.

„Јасно се забележува дека во постапката за набавка има технички спецификации кои се разликуваат од таа во 2011. Зошто не останале техничките спецификации од 2011 години, зошто не го смениле само зборот поволно во ново“ – вели Стевчо Донев, колегата на Фетаи. 

Донев и Фетаи ги наведуваат техничките спецификации вметнати во тендерот со кои се отстранува конкуренцијата и се фаворизира една марка и конкретно возило. Ги анализираат и бомбите во кои како што рекоа, се слуша што бара Никола Груевски, како обвинетата Јанкулоска кажува дека е извесно кој ќе ја добие набавката, како бара финта за да се стесни просторот за конкуренцијата итн.

Јанкулоска, пак, наведоа тие, со умисла го поттикнала Ѓоко Поповски да изврши кривично дело искористувајќи ја својата положба и овластувања.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки