05 Декември, 2025
0.0569

ЌЕ ГИ ПАДНЕ НА КОЛЕНА ЕВРОПСКИТЕ ЕКОНОМИИ - НБМ мери колку коронакризата ќе ја погоди нашата

Објавено во: Економија 07 Април, 2020 07:06

Добивај вести на Viber

Реномираните банки и меѓународни институции веќе почнаа да ги прават новите прогнози за тоа колку ќе паднат светските економии како последица на кризата предизвикана од коронавирусот.

Огромен пад на европските економии предвидува британската ХСБЦ банка. Според банката, економијата на државите членки на еврозоната оваа година во просек ќе доживее пад од 6,4 отсто. 

Притоа, најмногу во зоната на негативата оваа година треба да навлезат економиите на Италија и на Шпанија, кои се и најпогодени од коронавирусот. Односно, според предвидувањата на ХСБЦ банката, италијанската економија оваа година се очекува да доживее пад од 8,2 проценти, додека Шпанија би отишла во негатива за 7,5 проценти. Француската економија се очекува да доживее намалување од 6,5 отсто.

Германската економија, пак, која е еден од најголемите и најзначајните трговски партнери на земјава, според ХСБЦ, се очекува да доживее намалување за 6,4 проценти. 

Британската банка прогнозира дека економиите на Португалија и на Грција би паднале за 6 отсто, а од земјите на еврозоната најмал пад би имала Ирска, со минус од 4,1 процент.

Од земјите надвор од еврозоната, пак, од Западна Европа, Норвешка се очекува да има пад од 6,5 отсто, за 6,2 проценти треба да падне економијата на Швајцарија, шведската економија би отишла во зоната на негативата за 5,8 отсто, додека, пак, економијата на Велика Британја би се намалила за 5,5 проценти. 

Чешка република се очекува да доживее пад на економијата за 5,5 отсто, а подобро се очекува да се држи Романија, со пад од 3,4 отсто, Унгарија со негатива од 2,9 проценти, и најдобра, ако така може да се нарече, би била Полска, чија економија годинава се очекува да отиде во минус од само 1,1 процент.

Доколку не се појавеше коронакризата, економиите ќе доживееја раст, и тоа еврозоната за 0,7 отсто, а Германија за 0,5 проценти. Раст ќе забележеа и сите други европски држави. 

Оваа информација и табела на својот твитер профил ја сподели Никос Крисолорас, раководител на Бирото во Брисел на Блумберг.

Тој наведува дека за разлика од Уникредит, која очекува катаклизмичен пад за Грција од дури 18,6 отсто, ХСБЦ банката е многу поблага во своите прогнози за таа земја, и смета дека оваа година, сепак, нема да биде се загубено за грчкиот туризам. 

За разлика од 2020 која ќе биде година на страшен економски пад, во 2021 треба да настапи големо економско заздравување. За таа година се предвидуваат големи стапки на раст, невообичаени за европските држави.

Ова, според експертите што ги консултираше Фактор, се должи на фактот што се очекува дека потоа закрепнувањето би одело со рапидно темпо и во такви услови, на многу ниска основа од 2020, ќе се постигне повисока стапка на економскиот раст.

Крисоларос во една своја друга објава на Твитер наведува и неколку различни прогнози за тоа колку би изнесувал падот на еврозоната, и тоа според Голдман негативата би била 9 отсто, според Уникредит 13 проценти, според Морган Стенли минусот би бил 5 отсто, а според Ситигруп 8,4 отсто и според УБС нешто помалку, односно 4,5 отсто. 

Тој напоменува и дела сепак, се уште ни недостасува медицинска јасност за еволуцијата на пандемијата КОВИД-19.

Кога коронавирусот уште не беше појавен, со Буџетот за оваа година Владата планираше дека земјава во 2020 ќе оствари економски пораст од 3,8 отсто.

Сега е сосема јасно дека раст не само што нема да има, туку и дека земјата ќе западне во зоната на негативата, само прашање е колку таа ќе биде длабока. 

Во едно неодамнешно телевизиско интервју гувернерката Анитоа Бежовска-Ангеловска обелодени дека Народната банка веќе активно работи на новиот циклус макроекономски проекции. Ангеловска-Бежоска кажа дека имајќи ги предвид последните расположливи податоци, но и условите и неизвесноста коишто ги наметнува глобалната корона-криза, ќе се направи позначајна ревизија на претходните очекувања за економските состојби во оваа година, вклучително и на проекцијата за економски раст. Како што посочи таа, според меѓународните финансиски институции, веќе се очекува позначајно забавување и на економската активност во глобални рамки, вклучително и во Европската Унија, а со тоа и во германската економија каде што е сконцентриран голем дел од нашиот извоз.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката