„ЌЕ ГО ИСПИТАМЕ СОРОС, МИСЛАМ ДЕКА ТОА Е СЛУЧАЈ ПРОТИВ НЕГО И ДРУГИ ЛУЃЕ“: Трамп најавува истрага за рекетирање
Објавено во: Свет 13 Септември, 2025 13:56
Американскиот претседател Доналд Трамп, навести дека неговата администрација би можела да покрене истрага за рекетирање против Џорџ Сорос или неговото семејство, обвинувајќи го за финансирање на протести, јавија локалните медиуми.
Трамп за „Фокс енд френдс“ рече дека демонстрантите добиваат плата за својата работа од Сорос и други луѓе и дека верува дека ова е случај што спаѓа под Законот за организации под влијание на рекетари и корумпирани организации.
Изјавата на Трамп доаѓа само неколку дена откако во еден луксузен ресторан во Вашингтон се соочи со демонстранти кои извикуваа „ослободете ја Палестина“ и го нарекуваа претседателот Хитлер. Тоа што тие знаеја дека Трамп во тоа време е во ресторанот предизвика загриженост за безбедноста во Белата куќа, коментираат американските медиуми.
- Ќе го испитаме Сорос, бидејќи мислам дека тоа е случај против него и други луѓе, според Законот за организации под влијание на рекетари и корумпирани организации - рече Трамп.
Потоа додаде дека во конкретниот случај не станувало збор за обични протести, туку за многу повеќе од тоа.
- Бидејќи ова е повеќе од протести. Ова е вистинска агитација -, додаде тој.
Законот за организации под влијание на рекетари и корумпирани организации, познат и како „Закон RICO“, обично се користи за гонење на организиран криминал.
Портпарол на Фондацијата Отворено општество рече дека организацијата „не поддржува ниту финансира насилни протести“ и оти тврдењата за спротивното се лажни, а заканите против нејзиниот основач и претседател се скандалозни.
Трамп претходно рече дека Сорос „и неговиот прекрасен син на радикалната левица треба да бидат истражени“, иако не беше сосема јасно на кој син мислеше.
Алекс Сорос, еден од синовите на милијардерот, е претседател на одборот на директори на Фондацијата Отворено општество, основана од Џорџ Сорос и една од најголемите и највлијателните добротворни институции во светот.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




