25 Ноември, 2024
0.0289

ЌЕ ГО ОМЕКНЕ ЛИ ХАШКАТА ПОКАНА ТВРДИОТ СТАВ НА ДУИ – кои се партнерите што ќе седнат на Илинденска

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Лидерите или се на одмор, или се подготвуваат за сведочење во судот во Хаг, но во јавноста не стивнува интересот за тоа кој ќе ја формира новата Влада. Ќе продолжи ли да функционира старо-новата коалиција, или, пак, можни се промени и изненадувања на политичката преговарачка сцена.

Политичките аналитичари се со различни ставови.

Петар Арсовски за Фактор вели дека во овој период сме далеку од тоа да знаеме кој ќе ја формира новата Влада. Според него, тоа уште не е познато, а таква сигурност не даваат ни бројките на освоените пратенички мандати.

КАКВА ВЛАДА ПОСАКУВА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА

Но, како што вели овој аналитичар, многу добро се знае каква Влада посакува меѓународната заедница.

„Со сите свои изјави, но и со средбите што беа остварени, меѓународната заедница многу јасно покажа дека за нив не е прифатлива влада која што би го проблематизирала Преспанскиот договор, односно која би направила било какво скршнување од НАТО и од Европската унија“, вели Арсовски.

Според него, во овој период е многу јасно видливо однесувањето на ДУИ, која сака пред јавноста да се прикаже дека подеднакво држи еквидистанца и од СДСМ, и од ВМРО-ДПМНЕ.

„Видлив е тој нивни обид да прикажат дека се на еквидистанца и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е од причина што само така нивниот услов за премиер Албанец би имал смисла“, објаснува Арсовски.

На прашањето дали е можно Влада да се формира меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, Арсовски одговара кусо.

„Влада може да формира било кој што ќе обезбеди мнозинство од 61 пратеник. Но, тоа е основниот услов“, објаснува Арсовски.

Овој аналитичар потсетува и дека доколку се влезе во комбинација влада да составуваат ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, нема да може да обезбедат Бадентерово мнозинство во Собранието, од причина што пратеничката група на “интегративците“ би имала малцинство од вкупниот број на пратеници-Албанци. Или, ДУИ брои 15, а пратеници од албанско од етничко потекло од другите партии има 18.

Дополнително, во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ речиси и да пратеник од помалите етнички заедници.

ВМРО-ДПМНЕ МОРА ДА ИСПОЛНИ УСЛОВИ, ОСНОВЕН Е ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

За универзитетскиот професор Ризван Сулејмани пак, поблиску до формирање Влада се СДСМ и ДУИ, но тој не исклучува и ВМРО-ДПМНЕ да биде во позиција да преговара за тоа со интегративците, но само доколку таа партија исполни одредени услови.

Овој аналитичар лично би сакал да види Влада која нема да го понижи ниту македонскиот, ниту албанскиот народ. Најбитно, за него, е да се формира стабилна Влада, која ќе биде ефикасна и ќе ги решава проблемите.

„Таква Влада може да биде Влада меѓу СДСМ и ДУИ. Но, не е исклучено и ВМРО-ДПМНЕ да влезе во игра, само ако исполни некои предуслови. А тоа е, прво да направи јасна дистинкција од поранешниот претседател на партијата Никола Груевски, иако еден чекор напред во таа насока е измените во Статутот на партијата и укинувањето на функцијата почесен претседател, второ, да го прифатат Преспанскиот договор и да го употребуваат терминот Северна Македонија. Ако тоа го направат, можат да бидат достоен партнер за формирање Влада“, вели Сулејмани.  

Очекувамдека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и секогаш, ќе успее да ја изменаџира работата, и ќе води сметка за државата.

„Верувам дека Али Ахмети, како што секогаш досега се случувало, ќе биде доблесен, и ќе се води пред се од државните интереси, како и од стратешките определби на државата. Негова особина е да не носи одлуки под влијание на бес  или на гордост, туку, напротив, знае добро да се справува со тој притисок, и да носи одлуки со ладна глава“, објаснува Сулејмани.

За тоа што ДУИ во предизборната кампања постави силен услов, Албанец за премиер, и како сега би се повлекла од едно такво барање на кое ги стави сите карти, Сулејмани смета дека тоа е комплексно прашање, кое не може да се објасни со неколку реченици.

„Ме чуди како ние овде во Македонија не знаеме да водиме суштински дебати, туку дебатите ги водиме на начин како да знаеме да броиме до 3 или до 4. Односно, сега како најбитни разговори што можат да се слушнат се дали тројца или четворица пратеници од оваа или онаа партија ќе одат ваму или таму. Никако да разбереме дека суштината не е во тоа“, објаснува Сулејмани.

Затоа, како што вели овој политички аналитичар, на чело на земјава и е потребен неутрален човек, кој нема хипотеки и кој е слободен, па ќе има обединувачка моќ. „Треба да бараме такви луѓе, а не да ја гледаме националноста, јазикот, или идеологијата“, смета Сулејмани.

ВО КОЕ СВОЈСТВО Е ПОВИКАН АХМЕТИ ОД СУДОТ ВО ХАГ

И, додека официјално преговорите уште не се ни почнати, бидејќи се чека конечните резултати да ги објави ДИК, дали на Али Ахмети му се комплицира удобната позиција да преговара со повикувањето во судот во Хаг?

Ова прашање исплива на површина дотолку повеќе што во јавноста виси дилемата дали Ахмети во Хаг е заминат во својство на сведок. Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, во изјава за ТВ 24, рече дека не постои пракса во која меѓународните судови наведуваат во какво својство ги повикуваат поединците.

„Тоа што господин Ахмети смета дека е повикан како сведок, можеби во неговата покана да има такво нешто, меѓутоа на официјалната страница на Хашкиот трибунал нема податок во кое својство е повикан. Во една таква ситуација, кога не знаеме, можеме само да претпоставуваме. Јас можам да кажам дека во зависност од изјавата и во зависност од тоа што Трибуналот смета дека е релевантно, понатаму можеме да очекуваме какво својство ќе му определи на лицето кое што ја дало изјавата, односно на господин Ахмети“, рече Николовска.

Ахмети, претходно извести дека е повикан од Специјалното обвинителство на Косово, да сведочи како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот. „Без двоумење ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг“, напиша Ахмети. И вицепремиерот и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, е уверен дека Ахмети е повикан како сведок во Судот во Хаг. Тој во емисијата Топ тема на Телма, вчера рече дека секоја партија што ќе сака да преговара со нив за формирање Влада, ќе мора јасно да каже дека ги прифаќа трите договори - Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија.

„Така се поставивме и ние во текот на кампањата, дека ДУИ е гарант на сите три договори. Треба да имаме гаранција дека таа партија со која подоцна ќе разговараме за практичните прашања, за поделба на одговорноста во институциите, прво треба да се реши таа дилема во однос на трите договори. После ќе влеземе со амбицијата со нашиот кандидат за премиер, со којшто влеговме во кампања, другите ќе влезат со нивни кандидати“, рече Османи.

Тој уште додадеде дека ДУИ, уште пред изборите кажале дека би сакале таа коалиција да продолжи, заради големите работи кои ги започнале, а како што нагласи „остварените резултати на изборите, наметнуваат одредени прашања“.

Од друга страна, СДСМ препознава дека ДУИ го омекнува тврдиот став за премиер Албанец. Генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, е категоричен дека Зоран Заев, претседателот на СДСМ, ќе биде премиер.

„Парламентарниот систем во Република Северна Македонија е јасен. Мандатот за формирање влада го добива партијата којашто ќе освои најмногу пратеници. Првопласираната партија добива мандат да составува влада, а не третопласираната партија. Ова беше непотребна ароганција која низ годините стотици пати се покажала како штетна по националните интереси. ДУИ има 15 пратеници и ние тоа го почитуваме, но од такви изјави немаше потреба. Сепак, веќе гледам дека колегите од ДУИ ретерираат од првичните коментари“, рече Николовски.

Како и да е, најавите се дека посериозни преговори за формирање на ново парламентарно мнозинство ќе има веднаш по Илинден, период во кој би требало да се одржи и конститутивната седница на новиот состав на законодавниот дом.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик