27 Ноември, 2024
0.0307

Ќе го спасува ли ФЕНИ една голема македонска компанија?

Објавено во: Економија 01 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Се шпекулира дека ИГМ Трејд макар и времено би можела да биде покровител за спас односно за одржување во живот на гигантот „Еуроникел индустри“ (поранешниот ФЕНИ). Доброупатените велат дека банката најголем доверител преговара за ФЕНИ со Илија Гечев, сопственикот на ИГМ Трејд – една од најголемите и најуспешни македонски компанииДоброупатените велат дека многу изгледна опција е лицитацијата на имотот што банката го има под хипотека. ИГМ е ликвиден, солвентен, ако не од прва може да лицитира на втора и да добие и ново кредитирање за рестарт на „ФЕНИ“...

„ИГМ Трејд“, најголемата македонска компанија за производство на челични производи, ќе подаде рака за спас на гигантот „Еуроникел Индустри“ (поранешно ФЕНИ), дознава „Фактор“ од доброупатени бизнис кругови блиски до банката најголем доверител на кавадаречкиот комбинат кој е во незавидна финансиска положба.

Според изворот во тек се преговори меѓу банката и еден од најуспешните македонски бизнисмени Илија Гечев, основач и ко-сопственик на „ИГМ Трејд“. Од тоа што го дознавме станува збор за поддршка на „Еуроникел индустри“ на определно време. Во тој дефиниран временски период во кој „ИГМ Трејд“ би бил како покровител би требало да бидат реализирани активности за консолидација на компанијата, решавање на снабдувањето со никелова руда и започнување на период за подигање на производството.

За жал иако се обидовме, не успеавме да добиеме одговор од „ИГМ Трејд“ за оваа информација која засега е во сферата на шпекулации.

Илија Гечев води успешен долгогодишен бизнис со производство на челични цевки и профили во неговата компанија „ИГМ Трејд“. Ова друштво е основано во сега веќе далечната 1994 година. Сега ИГМ Трејд има речиси 500 вработени во фабриката со вкупна површина од 400.000 квадратни метри.

Минатата година Гечев е на листата најбогати Македонци што ја прави угледниот светски магазин „Форбс“. Неговата компанија е една од најуспешните фирми во Македонија, лани имаше приход од 155 милиони евра, а добивката изнесуваше 31,3 милиони евра.

Што се однесува до гигантот „Еуроникел индустри“ како што веќе пишувавме оваа компанија е во многу незавидна финансиска состојба. Производството е прекинато, неговите вкупни обврски надминуваат 100 милиони евра, а само кон една голема македонска деловна банка оваа компанија должи над 35 милиони евра.

Вработените во екс ФЕНИ над 800 лица, речиси сите од Тиквешкиот регион, се без плати, компанијата нема средства за струја која е неопходна да се одржува топилницата односно печката во функционална состојба.

 Упатените велат дека најнеизвесно, а воедно и клучно прашање за опстанокот на „Еуроникел индустри“ е да се обезбеди редовно и непрекинато снабдување со квалитетна никелова руда. За да може да работи топилницата.

А предуслови за работењето на комбинатот се нормализација на цените на струјата неопходна за топење на рудата во комбинација со добра берзанска цена на никелот.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НАЈЧЕВСКА: За мене силна економија е таа во која нема сиромашни и бездомници

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

НИКОГАШ ПОСКАПО: Цените на кафето највисоки во последните 27 години

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

БОЖИЌЕН БОНУС ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДО 600 ЕВРА: Кој град од регионот ја нуди оваа привилегија?

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ШЕСТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ, ЌЕ СЕ ДВИЖАТ ПО ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАНИ ЛИНИИ ВО СКОПЈЕ - свеченост за донацијата од Европската унија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

ТРГОВСКИТЕ БАРИЕРИ НА ТРАМП ЌЕ БИДАТ ИСКЛУЧИТЕЛНО БОЛНИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ: Еве на што предупредуваат економистите

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Винарија Камник со најмногу освоени медали и два трофеи на саемот Винска визија на Отворен Балкан

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката

Авионска линија Прага-Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката