Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за туристите во земјава
Објавено во: Економија 20 Април, 2021
Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за странските туристи во Македонија.
Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска најави дека ќе бидат овозможени 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за странските гости како дел од шестиот пакет економски мерки.
„Во очекување на престојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност ќе се овозможи бесплатни 50 илјади ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во нашата држава“, вели Битиќи.
Туризмот лани и оваа година има огромна загуба поради пандемијата.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.