ЌЕ ИМА ЛИ ТРЕТ ПРОТОКОЛ СО СОФИЈА? Се работи на воспоставување дијалог и враќање на довербата меѓу Скопје и Софија
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2025 10:57
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска истакна дека по локалните избори заедно со европските партнери се работи на воспоставување дијалог и враќање на довербата меѓу Скопје и Софија, со цел да се надмине спорот и да се одблокира евроинтегративниот процес на земјава.
Муртезани ова го посочи на денешната прес-конференција во Скопје со министерката за европски прашања на Шведска Јесика Розенкранц, одговарајќи на новинарско прашање дали евентуално се подготвува трет протокол со Бугарија за да се надминат разликите, што неодамна го спомена претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како едно од креативните решенија.
- Тоа што се работи константно по локалните избори заедно со нашите европски партнери е воспоставување на дијалогот и враќање на довербата, бидејќи без дијалог и доверба не може да стане збор за надминување на проблемот. Во моментов се прават напори за воспоставување дијалог и градење доверба, а потоа ќе стане збор и за можните начини за надминување на проблемот, изјави Муртзани.
Идејата за нов протокол претседателката Сиљановска Давкова ја изнесе во гостувањето во ТВ 24 алудирајќи дека тоа би било креативно решение.
- Има протокол, тоа е записник обичен потпишан од двајца министри. Со записник вие менувате меѓународен Договор или му додавате. Отворете го Договорот за пријателство и добрососедство, еден збор нема таму за уставни измени. Тогаш нека бидат креативни, трет протокол нека усогласат во кој ќе кажат дека не може прашањата врзани за историјата, културата и идентитетот да бидат услов, посочи претседателката.
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на недоамнешната изјава на американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за ТВ 21 дека е убедена оти се работи на прашањето со уставните измени и дали тоа е навистина така, Муртезани рече дека „секако дека на тоа се работи, бидејќи тоа е преземена обврска, но додаде дека во моментов не може да се говори за процесот на измени да Уставот, бидејќи сите наши грижи и дилеми не се соодветно адресирани“.
- Секако дека на уставните измени мора да се работи. Тоа е преземена обврска без која нема преговори и нема членство во ЕУ, меѓутоа како што нагласив во моментов не може ние да зборуваме за процесот на уставни измени кога сите тие наши грижи и дилеми не се соодветно адресирани, а за да бидат адресирани треба да се воспостави редовен дијалог, да се врати довербата меѓу двете соседни земји за да можеме на европски начин да градиме задничка европска иднина иднина, рече министерот за европски прашања.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





