ЌЕ ИМА ЛИ ВО ЧЕТВРТОК ГЛАСАЊЕ ВО СКАФАНДЕР - пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во изолација, можно е и пратеник од Алијанса
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2021
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, за ТВ21 потврдил дека пратеничката од Гевгелија од таа партија е во изолација поради Ковид 19.
Од телевизијата го прашале Мицевски дали во четврток ќе бараат пратеничката да присуствува и да гласа во скафандер, на што Мицевски одговорил: „Секако!“.
„Секако, имајќи го предвид Протоколот донесен од Комисијата за заразни болести претходно и праксата на ваквото гласање“, истакнал Мицевски за ТВ21.
За сега телевизијата нема потврден одговор дека пратеник и од Алијанса за Албанците е во изолација поради Ковид 19.