Ќе има мерки за затворените угостителски објекти, најави Битиќи
Објавено во: Економија, Корона Вирус 07 Април, 2021 21:01
Ќе има мерки за затворените угостителски објекти.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека ќе се спроведат нови мерки за економските оператори кои овие две недели ќе бидат затворени поради новите рестрикции против ширењето на коронавирусот.
„Во моментов разгледуваме неколку модели кои ќе се базираат на покривање на дел од остварените приходи во последните месеци. Секако за споредба мораме да земеме месеци со кои би можеле да симулираме колку тие истите би направиле приходи доколку не се случи ова затворање. Во моментов приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните, за сите настанати штети во економијата, како и досега, државата ќе излезе пресрет“, напиша Битиќи на Фејсбук.
Вели дека со опцијата за продажба на храна и пијалоци од шалтер ќе се овозможи поголемиот дел угостителските објекти да продолжат делумно да работат. Од денеска за кафеаните, рестораните, баровите и клубовите важи „целосно забрана за примање гости“, додека оние што подготвуваат храна ќе можат да даваат услуги на шалтер или со достава. Полицискиот час наместо од 22, почнува од 20 часот со цел да се спречи ширењето на вирусот.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





