ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ РОБОТИ ОД ЛУЃЕ НА ЗЕМЈАТА: Маск им се обрати на учесниците на конференцијата во Ријад преку видео врска
Објавено во: Економија 30 Октомври, 2024
Во иднина во светот ќе има повеќе роботи отколку луѓе, изјави вчера американскиот претприемач Илон Маск, кој преку видеоврска им се обрати на учесниците на инвестициската конференција во Ријад.
Тој изрази оптимизам за развојот на вештачката интелигенција, но истакна дека има 10 до 20 проценти шанси работите да тргнат наопаку и го повтори својот претходен став дека вештачката интелигенција може да претставува „егзистенцијална закана“.
Според Маск, системите за вештачка интелигенција се десет пати подобри секоја година отколку во претходните 12 месеци и „веројатно во следните година или две“ ќе можат да направат се што можат луѓето да направат.
Илон Маск објави дека неговата компанија SpaceX ќе го лансира вселенското летало Starship на Марс за две години, а дека леталото ќе има човечки екипаж за четири години.
Извршниот директор на компанијата Тесла ја критикуваше и претседателската администрација на Бајден за, како што наведе, „прекумерната регулатива“ и растот на бирократијата во Соединетите Американски Држави, што го кочи бизнисот, пишува „Блиц бизнис“.
Бизпортал.рс