26 Јуни, 2024
0.0293

ЌЕ ИМААТ ПРАВО ДА ОДБИЈАТ ЗАДАЧА АКО ОЦЕНАТ ДЕКА Е НА ШТЕТА НА ПАЦИЕНТОТ: Се спрема законот за медицински сестри и акушерки

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

По точно четири години откако за време на неговото министерување Венко Филипче најави дека дејноста на медицинските сестри ќе се стави во закон, сега веќе е изготвен нацрт-законот за медицински сестри и акушерки.

Целта на овој закон е да се уредуваат условите на вршење на здравствената дејност на медицинските сестри и акушерките, условите и постапката за стекнувањето на квалификации за вршење на професиите медицинска сестра и акушерка, континуираното стручно усовршување на медицинските сестри и акушерки заради следење и примена на новите сознанија во медицината од областа на вршењето на здравствената и акушерската нега и унапредување на знаењето и практичните вештини на медицинските сестри и акушерките, како и контрола на квалитетот и стручен надзор над работата на медицинските сестри и акушерките.

Целта на донесување на законот за медицински сестри и акушерки е усогласување на нашето законодавство со европското и неговата основна функција ќе биде согласно квалификациите и компетенциите да се добие работно место врз основа на едукацијата, искуството и стажот.

Изминативе години имаше остри реакции во однос на тоа дека голем број лица само со една година вонредно учење се стекнуваа со диплома за средно образование-медицинска сестра или акушерка, што е сосема недоволно за да се даде квалитетна здравствена услуга на пациентите и треба уште подолг период да биде под целосна контрола и да им се помага при извршување на работните задачи. Овој закон има за цел токму тоа да се регулира, а посебен акцент да се стави на степенот на едукација што е детално нагласено во членовите 5 и 6 од законот.

Медицинските сестри и акушерките имаат право и обврска на континуирано и трајно стручно  усовршување со цел одржување  и подобрување на квалитетот на здравствената нега и потребите на пациентите/поединецот. Континуираното и трајно усвршување подразбира обновување на стекнатите знаења и усвојување на нови знаења, вештини и ставови во согласност со најновите достигнувања и знаења од областа на здравствената, палијативнатаи акушерската нега и се спроведува со учество во стручни семинари, обуки, конференции и други стручни собири. На програмите за континуирано стручно усовршување кои ги пропишува Комората за медицински сестри и акушеркиподлежат подеднакво медицинските сестри и акушерки од јавниот и од  приватниот сектор на сите нивоа на здравствена заштита.

Законот исто така пропишува дека медицинската сестра и акушерка има право да одбие работа или задача за кои не е стручно квалификувана, не располага со соодветна опрема и не е во согласност со важечките протоколи и кои, според нејзиното стручно мислење, може да биде штетно за пациентот.

Во случај кога пациентот одбива ординирана постапка или одбива да прими ординирана терапија, медицинската сестра односно акушерка е должна без одлагање, односно веднаш за тоа да го извести одговорниот доктор кој ја ординирал постапката, односно терапијата, а во негово отсуство и најдоцна во рок од еден час од одбивањето на ординираната постапка, односно ординираната терапија одговорниот доктор на смена и писмено да го извести раководителот на внатрешната организациона единица каде што е хоспитализиран пациентот.

За потребата од ваков закон се зборува со години наназад, а според дел од медицинските сестри сега тој се подготвува кога здравствениот систем е пред целосен колапс и кога од Македонија практечно се излеваат илјадници работници токму од овие стручни кадри.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“