ЌЕ ИМАМЕ ЛИ ЛЕБ ДОГОДИНА? Ниските цени и дождовите ја стопираа есенската сеидба!
Објавено во: Агробизнис 26 Октомври, 2014 09:31
„Откупот беше лош односно не беше како што планиравме и како што се договоривме со мелничарите, бидејќи Владата не можеше веќе да го заштитува домашното производство од големиот увоз на пченица. Ние имавме неколку состаноци со министерот за земјоделство Михаил Цветков и со мелничарите. Се договривме цената за прва класа пченица да биде 13 денари за килограм, за втора класа 12 денари и за трета класа 11 денари за килогра, а се што под трета класа да не се откупува помалку од 10 денраи. Но мелничарите не го испочитуваа тоа и не изиграа. Годинешната просечна откупна цена е прашање дали ќе биде 10 денари за килограм. Иако се зборуваше дека драстично ќе се намалат површините, јас мислам дека ќе има намалување на годинешните засеани површини со пченица но дека тоа ќе биде минимално. Затоа за следната жетва ќе бараме порано да имаме средба со ресорниот министер и да се договориме како ќе се одвива откупот, и да не бидеме повторно изманипулирани од мелничарите, вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија.Дел од мелничарите уште во ек на откупот ги отфрлија обвинувањата на земјоделците, и и посочија дека за квалитетна пченица плаќаат висока цена. Според мелничарите за да се добие квалитетно брашно за леб и пецива, македонската пченица мора да се меша со увозна пченица, а цената на увозната пченица е најниска токму во овј период во ек на жетва. Дополнителен проблем според земјоделците е тоа што годинава се укина мерката за поврзување на откупот со увозот на пченица, односно за 1 килограм увезена пченица, мелничарите да откупуваат 3 килограми домашна пченица, односно 4 килограми домашно брашно. Според упатените, мерката годинава не важи бидејќи лани токму поради оваа мерка за малку се избегна трговска војна со Србија, а предупредување добивме и од членките на ЦЕФТА. Во јуни годинава Министерството за земјоделство даде зелено светло квотата за увоз на пченица од Светската трговска организација наместо шест месеци да трае цела година. Тогаш мелничарите изјавија дека предвидената квота за увоз 80.000 тони, е доволно количество. Уште тогаш земјоделците реагираа дека ваквата мерка е погубна за домашното производство, а мелничарите пак изјавија дека мерката е добра за одржување на мелничарската индустрија. Дождовите ја стопираа есенската сеидба Дождовите ја стопираа есенската седиба во некои региони од земјава. Во пелагонискиот регион седбата поради врнежите од дожд почна подоцна, и сега повторно е стопирана. Земјоделците се надеваат дека временските услови ќе се подобрат и ќе можат да ги запазат оптималните рокови за седибата.
„Есенската седиба почна со задоцнување од 10-тина дена и сега повторно е во прекин поради дождовите. Засега не знаеме кога ќе можеме повторно да продолжиме но се надеваме дека временските услови ќе се подобрат и ќе можеме да ги оствариме плановите за годинешната седба и жетва. Инаку освен што сеидбата е во прекин, во пелагонискиот дел тешко се одвива и бербата на пченката која е наменета за добиточна храна. Дождовите во летниот период беа идеални за квалитетот и за приносите, но прашање е како ќе ја собереме“, вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделците на Македонија.Агроекспертите советуваат земјоделците при сеидбата да ги употребат сите агротехнички мерки и да не импровизираат, за да можат да имаат добра жетва.
„Есенската седиба ја почнавме лошо , но сега е добро, барем за скопскиот, светиниколскиот, кумановскиот регион. Во прилепскиот и во битолскиот регион има доцнење. Крајниот рок е околу 15-ти следниот месец. Сепак дождовите направија проблем, поради што беа потребни три орања. Сите оние земјоделци кои навреме се подготвиле, ги употребиле потребните агротехнички мерки , мислам дека ќе ги запазат оптималните рокови за сеидба и ќе имаат добра жетва. Агротехничките мерски, семенскиот материјал се клучни за успешна седиба. Особен акцент треба да се стави и на физиономијата на растенијата бидејќи тоа е најважно, а кај нас ретко се посветува внимание на тоа. Земјоделството веќе не признава импровизации.Секако сеуште е рано да се каже каква жетва ќе имаме, ќе видиме што ќе донесе годината.Но сметам дека откупната политика ќе има големо влијание врз годинешната сеидба“, вели Огнен Оровчанец, претседател на агробизнис комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.Според агрометеролозите временските услови освен што ја стопираа седибата во некои региони, нема да влијаат негативно врз посевите.
„Ваквите временски услови нема да влијаат негативно врз земјоделските култури. Денеска е можна појава на мразеви, но ние веќе ги предупредивме градинарите и тутунарите да завршуваат со бербите и мислам дека веќе се при крај. Температурата на почвата е позитивна околу 10 степени, има доволно влага на некои места и повеќе но се очекува таа да испари. Прекини има сеидбата во некои региони поради дождовите, но генерално ваквото време нема лошо да влијае врз посевите“, вели Ангелко Ангелески, агрометеролог од Управата за хидрометеролошки работи.Годинешната жетва заврши со производство од нешто повеќе од 300.000 тони, а просечните приноси се од 3 до 3,5 тони од хектар. Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





