Ќе имаме поголем пад на економијата од оној кој ЕК го предвиде во пролет
Објавено во: Економија, Корона Вирус 05 Ноември, 2020
Падот на економијата годинава ќе биде 4,9 oтсто.
Европската комисија ја коригираше стапката на пад на бруто домашниот производ во Македонија.
Во пролет излегоа со прогноза која предвидуваше пад од -3,9 осто од БДП, а сега падот на БДП се проектира на -4,9 отсто.
Закрепнувањето на економијата ќе биде бавно и неизвесно.
„Постојат претпазливи сигнали дека домашната економска активност се зголемува, кредитирањето на приватниот сектор и натаму е оптимистично, а закрепнувањето во голема мера ќе се потпре на зајакнувањето на домашната побарувачка и веројатно ќе трае до 2022 година“, вели Фрек Јанмаат, раководител на Секторот за економски прашања на ЕУ.
За 2021 година се предвидува раст на БДП за 3,8 отсто, а за 2022 година 3,5 отсто.ЕК предвидува дека невработеност во земјава ќе остане стабилна.
Државниот долг најверојатно ќе надмине 50 отсто од БДП, и тој ќе порасне идната година.
Поради пандемијата многу граѓани ги изгубија работните места.
Деновиве од угостителскиот сектор најавија дека се можни затворања и откази.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.