05 Декември, 2025
0.1028

Ќе изгради ли Мицкоски образ на ВМРО-ДПМНЕ за да ја критикува коруптивната власт?

Објавено во: Анализа 02 Март, 2018 07:05

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува во своите јавни настапи да ја критикува власта за состојбата со корупцијата во Република Македонија, но и натаму не дава конкретни идеи и предлози како да се надмине оваа позиција, ниту пак како партија даваат јасен сигнал за поддршка на правосудните органи кои веќе водат предмети за корупција кај поранешните владини функционери. 

Мицкоски за „Само вистина“ вели дека Македонија е најкорумпирана земја во Европа според индексот за корупција кој го објави Транспаренси каде бележиме пад од 17 места и сега сме на 107 место. Прашањето е дали кога Мицкоски вели дека Македонија е најкорумпирана земја во Европа смета дека удел во тоа има и токму начинот на кој владееше неговата партија речиси 11 години со бројните афери, скандали и притисоци врз правосудството.

-Македонија отиде надолу 17 места во извештајот и е најлоша во регионот. Во 2015-та година во истиот извештај, Македонија бележеше раст од 50 места и беше лидер во регионот во борба со корупција. Сега е лидер во спротивна смисла. Овој извештај е за период во кој технички министри во владата се од СДСМ. Заменици и министри. Инаку да не заборавиме дека последните седум месеци од календарската 2017 година е време каде СДСМ целосно ја менаџира Владата на Република Македонија. Така што ние треба да се фокусираме на иднината. Ако ние имаме ваква позија каде паѓаме 17 места на скалата Транспаренси Интернешнал, ако знаеме дека се случуваат коруптивни скандали на дневна основа, ако гледаме дека Владата не превзема ништо да ја превенира таа ситуација која во моментот се случува во државата. Тогаш ние навистина имаме проблем како општество, како граѓани. Јас не се чувствувам сигурен и безбеден, истакна Мицкоски.

Лидерот на опозицијата треба да има и доза на самокритичност и пред се признавање на грешките кои се направени во текот на 11 годишното владеење, да се има и простор за создавање образ за понатамошно делување со тоа што партијата повеќе нема да биде главната адвокатска канцеларија на обвинетите за корупција, злоупотреба на службена положба и на проневера на државни пари. Дури потоа Христијан Мицкоски ќе може да дели лекции за извештаите за корупција на Транспаренси.

Секако, не треба да бидеме сфатени погрешно, опозицијата има клучна улога во обезбедувањето критики и корекции на власта која сама по себе секогаш носи коруптивно поведение со зголемената моќ и високиот степен на овластување. ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже конкретни чекори дека ќе даде поддршка за реформите во правосудтвото и ќе понуди свои идеи како истите да бидат подобри и поефикасно да функционираат во праксата. Но, како што очекува јавноста ќе мора и на подобар начин да се дистанцираат од своите членови кои веќе се осомничени за корупција или допрва ќе се најдат пред лицето на правдата за сите манипулации кои ги направиле.

Власта секако, од друга страна не смее да се опушти и наредните години да ги помине потсетувајќи не како било под владеењето на Груевски и што се направиле екс функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. За речиси една година владеење и во редовите на новата владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ веќе има сериозни индикации за тешки коруптивни скандали кај поединечни функционери за што веќе беа најавени истраги и поведување на кривични пријави. Тимот на Заев мора да покаже сериозен капацитет во борбата со корупцијата која во Македонија е поставена на системско ниво и е прифатена како нормативна, особено што самите партии досега беа силни бранители на своите членови под изговорот дека било кој судски процес поведен против нив е политички мотивиран и монтиран.

Автор: Христијан Станоевиќ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?