05 Декември, 2025
0.2707

Ќе јадеме повеќе месо и млеко, а помалку ориз и житарки?

Објавено во: Агробизнис 12 Јули, 2014 11:23

Добивај вести на Viber

Глобалното земјоделство се повеќе ќе се движи кон производство на месо и млеко, а ќе се оддалечува од производство на ориз и житарки, проценува Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Така, во наредните десет години светското производство на месо ќе се зголеми за 58 милиони тони, а 80 отсто од тој раст ќе доаѓа од земјите во развој, покажуваат податоците од заедничкиот извештај на ФАО и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Како резултат на ова, цените на месото, млекото и рибата ќе растат, додека цените на житарките ќе продолжат да паѓаат во наредните две години, за да потоа се стабилизираат на нивоа на кои беа пред кризата од 2008 година. Најмногу ќе расте производството на месо од живина, кое ќе сочинува 50 отсто од вкупното производство, но и на свинско месо (30 отсто). Причина за зголемената употреба на живината е фактот што ова месо е евтин извор на протеини и не е подложно на верски или културолошки забрани. Само кинеската популација ќе сочинува половина од глобалниот раст на конзумацијата на месо. Најголем дел од растот на земјоделското производство ќе доаѓа од Азија и Латинска Америка што ќе ја зајакне нивната позиција на светскиот пазар, предвидува ФАО.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?