Ќе му кажеме ли збогум на Визер?
Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018
Дали ќе останеме без евтин авиопревозник или се мести друга компанија а не Визер? Се поставува прашањето откако Министерството за транспорт и врски соопшти дека по втор пат е поништен јавниот повик за субвенциска поддршка за авиокомпаниите.
Како што кажаа надлежните, и овој пат се јавил само унгарскиот Визер.
Тендерот е поништен бидејќи понудата на Визер не одговорила на поставените услови во тендерот во делот планирани летови од Охрид, рече министерот Горан Сугарески .
Тој прецизираше дека унгарската нискобуџетна авиокомпанија понудила сите четири летови од аеродромот во Охрид да се воведат во август 2019, додека во тендерот е барано две линии да се воведат од јануари а две во рок од година дена од потпишување на договорот.
Сугарески исто така ги отфрли шпекулациите дека тендерот за субвенционирани летови од аеродромите во СКопје и Охрид се „местат“ за авиокомпанијата Ер Албанија.
Тој истакна дека Владата останува доследна на мерката финансиска помош (која во изминатите години ја користеше Визер) за авикомпании кои понудат нови дестинации за македонските граѓани.
Парите за субвенциите се предвидени со буџетот, кажа Сугарески и најави дека Министерство наскоро ќе излезе со нов јавен повик.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.