ЌЕ МУ СЕ СУДИ ЗА „ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ ОПШТАТА СИГУРНОСТ“: Судот го одобри обвинението за Александар Нацев
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2025 16:16
Судот во целост го одобри и второто обвинение поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кое обвинет е сопственикот на обезбедувањето РУБИКОН, Александар Нацев.
„Обвинителниот акт беше поднесен на 4 септември од страна на обвинителниот тим кој постапува по истрагата за пожарот, а се однесува против едно лице, А.Н. кој се јавува како одговорно лице – реален сопственик на обвинетото правно лице Друштво за обезбедување на имот и лица РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШН увоз-извоз ДООЕЛ Скопје“, стои во соопштението на судот.
Предметот ќе го суди судијката Биљана Смаќовска, а терминот засега не е утврден. Според обвинението, сопственикот на агенцијата немал склучено договор за обезбедување на дискотеката „Пулс“. Обвинителството по истрагата против него, тврдеше дека обвинетиот за цело време по катастрофалната несреќа им давал инструкции на обезбедувачите кои биле таа кобна ноќ на работа, кога се случи пожарот, а еден од нив бил и без лиценца.
„Од доказите обезбедени во текот на истрагата произлезе дека сега обвинетиот имал главна улога во обвинетото правното лице, фактички раководел со агенцијата и давал директни инструкции на обвинетите кои критичната вечер биле ангажирани како обезбедувачи. Исто така, обезбедени се докази дека по пожарот во Кочани тој презел активности во насока на формирање ново правно лице со седиште во Струмица, чија основна дејност му е исто така физичко обезбедување на имот и лица, а со цел да ја продолжи дејноста повторно затскривајќи се формално-правно во раководењето зад друго одговорно лице“, стои во обвинението против Нацев.
На обвинетиот ќе му се суди за сторено кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Обвинение против сопственикот на РУБИКОН очекувано е да се спои со големото против останатите 34 лица и три фирми, а тоа пред да почне судењето треба да го побара Јавното обвинителство.
Судењето за пожарот ќе почне на 19 ноември во судницата во склоп на КПУ Идризово.Можеби ќе ве интересира
ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ САМО ЕДЕН СПОЕН ВИКЕНД: Тоа е последен неработен празник за годинава
ОРЦЕ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ГЕНЕРАЛКАТА: Ја прогласи акцијата за успешна, собрани над четири и пол илјади тони отпад
УШТЕ ЕДНО ВЕТУВАЊЕ ЗА НОВ КЛИНИЧКИ: Алиу вели се разгледуваат три опции
ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН СИНОЌА УДРИЛ ВО КОНТЕЈНЕРИ И ИЗБЕГАЛ ОД МЕСТОТО: МВР го фати и му поднесе пријава
„НАРОДОТ НА ДУИ ИМ ГО ОДЗЕДЕ ПОЛИТИЧКИОТ КИСЛОРОД“: ВЛЕН за ДУИ
БАГЕРИТЕ ВТОР ДЕН НЕ МОЖАТ ДА ИЗЛЕЗАТ ОД ВАРДАР: Продолжува генералката во Скопје
(ВИДЕО) „ТОА БЕШЕ ПОСЛЕДНО ЗАТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА: Потресно сведоштво на таткото на загинатата Надица во Кочани
Поради сообраќајка затворен патот Струмица - Ново Село





