15 Декември, 2025
0.0721

ЌЕ ПАТУВАМЕ ЛИ ЛЕТОВО НИЗ ЕВРОПА: Лидерите на ЕУ се согласија за вакцинални сертификати

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2021 08:44

Добивај вести на Viber

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа и покрај пандемијата на вирусот корона, веројатно ќе бидат достапни пред летото.

Синоќа, на редовната видео-конференција посветена на борбата против пандемијата „ковид-19“, лидерите на ЕУ покажаа дека постои зголемена поддршка за т.н. дигитални сертификати за вакцинација засновани врз заеднички европски критериуми за влез во земјите-членки и отворање на општеството по пандемијата.

„Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација“, рече Меркел на прес-конференција по самитот на ЕУ, што се одржа преку Интернет, пренесува Ројтерс.

Лајен: Најмалку три месеци за системот за сертификација

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вели дека земјите-членки ќе треба да донесат одлуки „што ќе може да се направи со сертификатите“ и дека на ниво на ЕУ ќе се користат за да функционира единствениот пазар.

Фон дер Лајен изјави дека ќе бидат потребни најмалку три месеци да се воспостави интероперабилен систем на сертификати за вакцинација во ЕУ.

Системот ќе поддржува информации за вакцинација на една личност, негативен тест за PCR или имунитет. 

„Потребна ни е брза имплементација доколку сакаме овие сертификати да бидат функционални пред летото“, заклучи Вон дер Лајен.

ЕУ потенцира дека сè уште има многу отворени и „политички и научни“ прашања кога станува збор за сертификатите за вакцинација, односно за што ќе се користат или дали вакцинацијата значи и прекин на пренесувањето на инфекцијата.


Можеби ќе ве интересира

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат