27 Ноември, 2024
0.0290

Ќе продолжи ли Европа да бара?

Објавено во: Свет 04 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Камениот гас го мами од финансии обземениот континент.

Поминаа повеќе од 20 години откако последната грутка јаглен беше ископана од земја во некогаш од рударство зависната заедница во регинот Кампине во Белгија.

Кампине е еден од десетината региони во Европа за кои се верува дека лежат на значајни резерви камен гас - подземно гориво кое во изминатата деценија го револуционеризираше доаѓањето до енергија во САД.

„Потенцијалот на Европа може да биде огромен“, вели професор Ричард Дејвис, специјалист на британскиот Универзитет Дурам и советник во енергетската индустрија. „Ги имаме сити вистински видови камен“.

Камениот гас сега учествува со 20 проценти во производството на природен гас во САД, а во 2000-та неговото учество беше еден процент. До 2030, неговиот удел се очекува да порасне до 50 процентите.

САД се на пат да станат себезависни од гас. Сметките за загревање се веќе четири пати пониски од европските цени.

Сега истражувачите ги острат дупчалките во Европа, а некои влади се надеваат за дека ќе влезат во трка по камениот гас, слична на онаа во САД.

Постојат проценки дека Британија лежи на доволно резерви од камен гас за да ги задоволи своите потреби до крајот на веков.

Иако Полска значајно ја намали проценката на своите резерви од камен гас, земјата сеуште може да има доволно да остане независна повеќе од 60 години, и да ја прекине зависноста од увоз на руски гас.

Шел во јануари потпишаа договор вреден 10 милијади долари за ископување камен гас во Украина. Нафтените компании во Шпанија, планираат да потрошат до 1,3 милијарди долари во потрага по неконвенционален резерви од гас проценети на повеќе од 900 милијарди долари - што е огромна сума за земјата која се дави во должничката криза која царува во еврозоната.

Се разбира, тука постојат и некои стапици.

Еколозите велат дека процесот на „фракирање“ во кое се користи коктел од вода под  висок притисок, песок и хемикалии за да го ослободат гасот од каменот, има потенцијал да предизвиква земјотреси, како и да се испуштат отровни мешавини во резервите вода и во животната средина.

Инцидентите од загадуцвањето на воздухот и водата во САД, требаат да и бидат пример на Европа, каде ризиците се дури и повисоки заради потребата што подлабоко да се копа и во погусто населени области, вели Антоан Симон кој предводи кампања против ископувањето на камениот гас во организацијата Пријатели на планетата Земја.

„Постојат големи веројатности овие ризици да се повторат и во Европа“, рече Симон во телефонско интервју. „Ќе биде просто лудост да се оди напред со оглед на сите влијанија кои веќе се забележани во САД во изминатите две децении“.

Покрај ова, тврдат еколозите, новиот тренд за камен гас ќе ги подрие напорите за намалување на глобалното загревање, и ќе ја подрие заложбата на Европа за користење на обновливи енергетски извори.

Во контекст на еколошката загриженост, Франција - за која се верува дека ги има најголемите резерви на камен гас во Европа - воведе петгодишна забрана на фракирање.

Холандија, Бугарија, Луксембург и Чешка Република, воведоа мораториуми на дупчење за камен гас. Сепак, за другите земји, економските потенцијали ги надминуваат ризиците. Во декември, Британија ја подигна 18-месечната забрана за фракирање.

„Излегува дека ова гасна револуција е навистина многу трансформативна, и дека ќе има повеќе гас, па затоа неговата цена нема да биде висока“, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон во парламентот. „Ќе биде голем ризик самото игнорирање на она што се случува на пазарот за гас“.

И  романската Влада во март го укина одамна поставениот мораториум. Камениот гас, кој земјата го дели со соседните Бугарија и Унгарија, се проценува на повеќе од 538 милиони кубни метри - што е доволно да ги задоволи потребите на земјата во следните 40 години.

Тоа е голем предизвик за најсиромашната земја во ЕУ, која сега зависи од увоз на гас од Русија за една четвртина од нејзините потреби.

И покрај ова, илјадници луѓе излегоа на романските улици заради одлуката на владата да му додели на Шеврон повеќе од милиони акри земја за да копаат за резерви камен гас. „Фрак оф Шеврон“, стана вообичаен слоган меѓу романските демонстранти.

Поддржувачите пак сметаат дека камениот гас е преголема шанса за Европа за да ја игнорира.

Зависноста на Европската Унија од увоз на гас, веќе изнесува 60 проценти, а растечката побарувачка и падот на домашните резереви од гас од конвеционални извори ќе порасне и до 80 проценти, освен ако не се искористат резервите од камен гас, вели Моника Кристина, советник во платформата на оваа индустрија Камен гас Европа.

Многу земји во источна Европа гледаат на фракирањето крај на нивната зависност од увоз на енергија од Русија, која беше обвинета дека ги затвора вентилите на нафтоводите и гасоводите како средство за наметнување на политички притисок.

Кристина вели дека економскиот влог е уште поголем, со оглед на конкурентноста на европската индустрија.

„Тоа е основна економија, ако имате поголеми достави на гас, ќе има притисок за паѓање на неговата цена, а поефтин гас значи поконкурентна европска индустрија“, вели Кристина. „Ако погледнете преку океанот, гледаме оживување на севкупната индустрија во САД. Европа ќе биде губитник ако не преземе било што во намалувањето на трошоците на енергенските“.

Сепак, поддржувачите на камениот гас признаваат дека постојат сомнежи околу смислата и потенцијалното влијание од европскиот камен гас.

Полска, која инвестираше најмногу во истражување на резервите од камен гас, минатат година најави дека очекуваните резерви се максимум 768 милијарди кубни метри, што е намалување од првенствено проценетите 5,3 трилиони. Ексон мобил во јуни се откажа од истражувањата на камениот гас таму, откако не успеа да пронајде задоволителни количини во своите два истражувачки бунари.

Иако гасот е пронајдени во задоволителни количини, европските власти преупредија против очекувањата за создавање Елдорадо од камениот гас.

„Не треба да се залажуваме дека камениот гас нема да ја смени играта како што се случи во САД“, изјави Кони Хедегард, комесар во ЕУ за климатски промени, за британскиот весник Гардијан.

„И нема да биде толку евтин како во САД. Имаме поинаква геологија која е покомлицирана (за вадење на камениот гас). Немаме исти широки отворени простори. И обрнуваме повеќе внимание на она што го мислат локалните луѓе“

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?