Ќе се бара ли нов независен претседател на ДИК?
Објавено во: Анализа 06 Март, 2018 08:16
Дел од македонските медиуми пренесоа дека опозицијата ќе биде таа која ќе назначи нов претседател на ДИК со враќање на старите правила.
Во суштина ако се оди според „пржинските“ правила и тогашните законски измени на изборните процеси, претседател на Државната изборна комисија би требало да биде независен и непартиски кандидат. Впрочем, таков беше и изборот на Александар Чичаковски, кој по макотрпни преговори и двоумења за останатите предложени кандидати, беше прифатен како независен кандидат да ја води ДИК и беше дел од тројцата независни членови.
Сега, ВМРО-ДПМНЕ како опозициска партија која се надева на организирање на фер и демократски избори без оглед кога ќе бидат тие на календарот, исто така ќе можеше да активира дел од „пржинските“ правила кои и овозможуваат на опозицијата поголема рамноправност, но тоа не значи дека директно ќе го назначат новиот предводник на ДИК. Сепак, овие придобивки за демократскиот систем некако многу брзо и лесно се напуштаат и се нарушува континуитетот.
Оваа институција остана испразнета откако непосредно по локалните избори американскиот амбасадор Џес Бејли обелодени дека членовите на ДИК на затворена седница која не ја објавија во јавноста си поделиле екстра плати и бонуси за завршената работа, па под притисок на грѓаните се повлекоа.
Засега нема разговори за конкретни имиња на кандидати кои ќе ги предложат парламентарните партии и тоа кој колку места ќе добие, но се очекува наскоро и власта и опозицијата посериозно да седнат и да се занимаваат со овој процес бидејќи ДИК е клучна институција за спроведување на избори и референдуми.
Токму комплетирањето на ДИК е честа тема меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како иницијатива која ја води опозицијата, а истото беше спомната и на последната средба меѓу премиерот Заев и првиот опозиционер Мицкоски, па затоа и наскоро очекуваме во барабанот да бидат фрлени првите партиски имиња за кандидати за членови, заменик претседател и претседател на ДИК.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





