27 Септември, 2024
0.0291

„ЌЕ СЕ БИРА АЛБАНЕЦ, НО ЌЕ СЕ ОДБЕРЕ НАЈОБРАЗОВАНИОТ И НАЈПОДГОТВЕНИОТ“: Меџити вели, времето на „балансерот“ поминало

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

„Балансерот“ е девалвиран механизам и неговото време помина, вели првиот вицепремиер и министер за жовотна средина и просторно планирање Изет Меџити и посочува дека вработувањата на Албанци нема да престане, но врз база на квалитет, а не на партиите.

Меџити, во гостување на ТВ21 за „балансерот“ вели дека „во формирањето на новата Влада, политичкиот договор меѓу нас и ВМРО е дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата“.

-Без разлика на тоа како „балансерот“ е прикажан во системот, доколку конкурсот е отворен за Албанци, еден Македонец се има декларирано како Албанец и го зазел тоа место, а се случило и обратното. Затоа постои заеднички заклучок дека „балансерот“ е девалвиран механизам и неговото време помина. Во формирањето на новата влада, политичкиот договор меѓу нас и ВМРО е дека овој механизам ќе биде унапреден во закон за соодветно претставување на немнозинските заедници во земјата, изјави Меџити.

Меџити, исто така, посочи во овој период таму каде што ќе има вработувања, ќе има вработувања и на Албанци.

-  Албанците не губат со укинувањето на „балансерот“, иако Уставниот суд не го нашол моментот за тоа, не чекал да го унапредиме, но Албанците ќе добијат повеќе затоа што ќе донесеме закон за соодветно претставување кој не само што ќе го гарантира претставувањето на Албанците во јавната и државната администрација, туку ќе гарантира и непартиски и квалитативни вработувања. Ќе биде избран Албанец, но ќе биде избран најобразованиот и најподготвениот Албанец, бидејќи на овој начин утре ќе имаме администратор кој подобро ќе му служи на граѓанинот, изјави Меџити. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Албанија почна преговори со ЕУ, Македонија останува во чекалната

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ТОШКОВСКИ: Нов софтвер за менаџмент на воздухопловни полициски операции

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

ФИЛИПЧЕ: Државата не е приватна своина на Мицкоски и нема право да ја блокира иднината на граѓаните

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ВО ОН: Европската реунификација е како недовршена симфонија без нас

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

(ФОТО) ОРБАН ДОПАТУВА ВО ОХРИД: Mицкоски верува дека посетата ќе отвори нови патишта за соработка

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КОСТАДИНОВ: Македонија мора да ги прифати условите или да остане надвор од ЕУ

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

КАСАМИ: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

РАДЕВ ЗА МАКЕДОНИЈА: Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на коментарите од нашиот сосед

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања

ДУИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Веќе нема простор за одложувања