Ќе се чистат 104 километри каналска мрежа во земјава
Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2013 19:39
До октомври годинава ќе се исчистат 104 километри каналска мрежа од кои најголем дел се во пелагонискиот регион, а останатите 24 на територијата на цела држава, најави министерот за земјоделство, Љупчо Димовски. Акцискиот план е веќе изготвен, а активностите почнуваат веднаш штом се намали нивото на водите, информираше Димовски по работната средба со претседателите на Сојузот на земјоделците и на Аоцисјацијата на земјоделци, Вељо Тантаров и Евтим Шаклев.
„Исчистени се најкритичните каналски правци. Но, има земјоделци кои не се доволно совесни и често се случува дел од каналите за релативно краток период, две до три години, повторно да ги чистиме. Други, пак, кај што се самите насипи, се уништени од неодговорни лица кои го земаат материјалот за други цели, а не за она за што е наменет, за каналскиот систем“, посочи министерот. Во меѓувреме продолжува излевањето на Вардар во тетовско Јегуновце. Мештаните посочуваат дека токму неисчистените канали се една од причините за големите поплави во овој реон. Нивите се под вода, а голем дел од посевите се целосно уништени.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





