Ќе се доделуваат 20 стипендии за додипломски студии во Унгарија
Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2014 13:00
Конкурс за доделување 20 целосни стипендии за македонски државјани за додипломски студии од областа на инженерските и земјоделските науки во Унгарија е објавен од страна на Министерството за образование и наука.
Конкурсот е во согласност со потпишаната „Работна програма за образовна и научна соработка помеѓу Република Македонија и Република Унгарија“, во рамките на програмата „Stipendium Hungaricum“, која е основана од унгарската Влада во 2013 година.
Унгарија преку Одборот за стипендии на унгарскиот институт Balassi нуди стипендии за странски државјани заинтересирани за додипломски, постдипломски или докторски студии во акредитирани високообразовни институции во Унгарија за општествени или технички науки.
За прием на избраната виоскообразовна институција се полага приемен испит. Доколку наставата се реализира на странски јазик, кандидатот треба да го знае дадениот јазик на нивото потребно од страна на домашниот институт. Доколку наставата се реализира на унгарски јазик, кандидатите ќе учествуваат во подготвителна настава во период од една година обезбедена од страна на Balassi Институтот пред да започнат со своите студии.
Потребни документи за аплицирање се: Формулар за аплицирање, кратка биографија, писмо за изразување на интерес, сертификат за познавање на англиски јазик, доказ за завршен степен на образование, копија од пасош, лекарско уверение и лична изјава. Заинтересираните кандидати апликацијата за стипендија и потребните документи треба да ги достават до Министерството за образование и наука на адреса ул. Св. Кирил и Методиј бр.54, 1000 Скопје.
Апликацијата за стипендија може да се преземе на веб страната на Министерството за образование и наука. Рокот за поднесување на апликации е 19.3.2014 година.
Сите дополнителни информации се достапни на веб страната http://www.scholarship.hu/
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




