05 Декември, 2025
0.4057

Ќе се гради нов магистрален пат Охрид – Свети Наум

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2014 20:37

Добивај вести на Viber

Најдоцна до крајот на годинава ќе стартува изградбата на магистралниот пат Охрид - Свети Наум. Се работи за целосно нов пат, кој ќе поминува над сегашната магистрала, која е изградена пред 45 години и е во лоша состојба. Сообраќајницата ќе биде широка 12 метри, со 4 сообраќајни ленти - по 2 во секој правец, а ќе се гради во 2 фази. Проектот за првата фаза, за потегот од Охрид до Пештани, треба да биде завршен до јуни. „Паралелно со тоа се изготвува и втората фаза од истиот проект од Пештани до Свети Наум, односно до граничниот премин кон Република Албанија.Тој проект согласно потпишаниот договор треба да биде готов до крајот на 2014 година“, најави директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски. Охриѓани се надеваат дека новиот пат ќе помогне за уште поголем развој на туризмот во овој регион, но и за олеснето одвивање на сообраќајот за време на туристичката сезона. Соред предвидената траса, новиот магистрален пат треба да поминува во близина на Националниот парк „Галичица“ заради што ќе биде потребно одобрение и од Министерството за животна средина. Според проценките, патот долг 39 километри ќе чини околу 70 милиони евра. Патниот правец Охрид-Кичево, пак. се очекува да се започне со градба за еден месец. Средствата се обезбедени, склучени се договори, а моментално се работи на довршување на постапките за експропријација.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“