Добивај вести на Viber
За 4,3 милиони денари, компанијата „Ејпл Ленд“ на електронска аукција купи земјиште во Ресен за да гради откупен центар во овој град. Како што стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски, „Ејпл Ленд“, инаку основана од инвеститор од Дубаи понудила најмногу пари.
„Станува збор за земјиште со вкупна површина од 61.433 м2 за кое почетна цена изнесуваше 61,00 денари од метар квадратен. Најповолен понудувач на јавното наддавање е компанијата “Аппле Ланд”, која е основана од инвеститор од Дубаи со постигната вкупна цена од 4.361.743 денари. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето“, информираат до министерството.
По извршената уплата во утврдениот рок, се склучува договор за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, по што купувачот во рок од 12 месеци треба да обезбеди одобрение за градба на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план.
Потоа компанијaта ќе го гради стопанскиот комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: