ЌЕ СЕ КРАТИ НА ИНСТИТУЦИИ, ДИРЕКТОРСКИ МЕСТА НО И ЕКОНОМСКИ ДИРЕКТОРИ: Еве што најавува кандидатот за вицепремиер Николовски

Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2024 07:00
Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кандидат за вицепремиер и министер за транспорт, изјави дека покрај кратењето на институции ќе има и кратење на директорски места, а ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата.
Во синоќешното гостување на телевизија Телма, Николоски рече дека освен кратењето на бројот на институции во државава за околу 20 проценти и дваесеттина проценти од функционерските позиции, кратење ќе има и во делот на економските директори.
- Во болниците нема да има по два директори затоа што сметаме дека тоа е една од причините за колапс на системот. Затоа, ќе има само еден директор за цел клинички, Фондот за здравствено осигурување ќе има еден директор наместо двајца, болниците низ државата исто ќе имаат еден, не по двајца директори, рече Николоски.
Дополни дека ќе се укинат и неколку агенции поврзани со министерствата.
- Агенција за енергетика се укинува, ќе се укине и Фондот за иновации, таму ќе има сериозна истрага, изјави Николоски.
Николоски потенцираше дека нема сите новоназначени луѓе да бидат под политичка заслуга, а во врска со реформите кои водат кон поефикасна работа најави дека ќе се намали и бројот на вработени со цел поефикасна администрација.
- Сите сме свесни дека јавната администрација е преобемна и неефикасна, а сите сме свесни дека приватниот сектор веќе има недостаток на работна сила. Тоа се работи кои што мора да се менуваат во корист на приватниот сектор. Ако сакаме колку-толку ефикасна држава, мора да се намалува јавниот сектор, а да расте приватниот, рече Николоски.
Можеби ќе ве интересира
АКО „ПАЈАК“ ВИ ГО ОДНЕСЕ ВОЗИЛОТО, ЌЕ ГО НАЈДЕТЕ НА НОВА ЛОКАЦИЈА: Ново депо на Општина центар
„НАШИОТ ЛИДЕР Е СМЕНЕТ КОГА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОДБЕЛЕЖУВА СЕДУМДЕЦЕНИСКИ ЈУБИЛЕЈ“: Учениците бараат објаснување од градските власти

МИЦКОСКИ ДЕЦИДЕН И СО УЛТИМАТУМ ДО БУГАРИЈА: Еве што смета премиерот за ситуацијата со Софија

КОМУ ВО ЕУ НЕ МУ ОДГОВАРА МРДНУВАЊЕ ОД МРТВАТА ТОЧКА, МОЖЕБИ НА ОНИЕ КОИ ИЗВЕЗУВААТ ОТПАД ОД ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА? Најчевска жестоко за известувачот во ЕП за Македонија

НЕ САМО ДИЛЕРИТЕ, ТУКУ И УЖИВАТЕЛИТЕ НА ДРОГИ ЌЕ БИДАТ САНКЦИОНИРАНИ - казни до 250 евра, ќе помогнат ли за заштита на општеството

ЌЕ „ЛЕТААТ“ ВОЗИЛА ВО ОТПАД, КАКО ОТПАДЕН МЕТАЛ! Еве како Ѓорѓиевски ќе ги решава хаварисаните возила во општината

ПОЧИНА Д-Р ГЛИГОР ЏОЛЕВ: Беше директор на Ортопедската клиника во Скопје

ДАЛИ Е ОВА МОЖНО? Од 18 март на голема врата се враќа зимата со силен мраз, снег и пад на температурите за 20 степени!?

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинителството за гонење на организиран криминал го обжали решението за куќен притвор за сопственикот на „Пуцко петрол“
