04 Мај, 2024
0.0247

Ќе се креира база за вкупното земјоделско земјиште во приватна сопственост

Објавено во: Агробизнис 02 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Креирање дата база за вкупното земјоделско земјиште во приватна сопственост што ќе овозможи увид колку од површините не се обработуваат, како и воведување нови услови при размената на државното земјоделско земјиште со земјиштето во приватна сопственост, предвидуваат измените во Законот за земјоделско земјиште кои денеска се најдоа пред пратениците во матичната собраниска комисија. Како што рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, новина е и прибележувањето на договорот за користење на земјиштето во Катастарот на недвижности по службена должност, а не како досега, по барање на закупецот. Со измените се воведуваат и нови услови за градење објекти на земјоделското земјиште. Забелешки по законот изнесе  Борче Ставров од СДСМ кој оцени дека Министерството за земјоделство нема административен капацитет да ги спроведе измените особено во делот на размената на земјиштето и окрупнувањето. На тоа реплицираше Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ, според ко,ј МЗШВ е едно од министерствата кои од 2006 година досега спроведе најмногу реформи и секогаш им излегува во пресрет на земјоделците. Комисијата за земјоделство денеска ги разгледа и измените на Законот за пасишта со кои се регулира начинот на давање на користење на пасиштата во државна сопственост со кои стопанисува Јавното претпријатие за пасишта по пат на оглас.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?