Ќе се отвори нов граничен премин со Косово
Објавено во: Мои пари 24 Јуни, 2013 18:34
Падна договор за отварање нов граничен премин со Косово. Денеска на преминот Глобочица, на косовската страна македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и косовскиот министер Бајрам Реџепи се договорија да биде отворен меѓународниот граничен премин Белановце-Станиќ.
По потпишавњето на договорот, Јанкуловска истакна дека отворањето нови гранични премини претставува и нов мост за соработка.
„Овој договор за отворање на нов меѓународен граничен премин најмногу ќе им биде од корист на граѓаните на двете држави од пограничните области, но и од целата територија и ќе придонесе за поголема мобилност и поголема размена во делот на економијата и секојдневниот живот на граѓаните“,додаде Јанкулоска.
Задега нема информации кога точно новиот премин целосно ќе профункционира, а според Јанкулоска сега владите на двете држави ќе треба да ја направат инфраструктурата и да создадат услови за работа.
И за косовскиот министер Реџепи, новиот премин е добар чекор напред.
„Оваа идеја е од пооодамна од 2008, 2009 година и на крај ја финализиравме со потпишување на договорот. Финасирањето ќе биде од ЕК и големо значење е што тој ќе биде меѓународен премин од А категорија како основа за слободно движење на луѓето и стоките. Ова е во согласност на начелата на ЕУ за слободно движење, а тоа е добро за граѓаните од таа пограничната зона на кои им требаа повеќе километри да дојдат до постојните гранични премини Јажинце и Елезан. На овој начин се спречува и нелегалното преминување во тој планински предел“, изјави Реџепи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





