ЌЕ СЕ РАЗРЕШИ ЦЕЛОТО РАКОВОДСТВО НА М-НАВ: Владата најави и ревизија на работењето
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2024
По последните случувања во Македонската навигација, кои ескалираа со денешниот упад во институцијата и напад на тројца вработени, Владата најави дека на наредната седница ќе биде предложена и донесена одлука за разрешување на целото раководство како и на сите членови на Управниот одбор на М-НАВ.
На наредната владина седница, која е закажана за вторник, 9 јануари, покрај одлуката за разрешување на актуелната раководна постава на М-НАВ, се очекува да биде донесена одлука за отворање итна постапка за избор на нови членови на раководството и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес.
Иницијативата за ваквите одлуки, кои се очекува да бидат исход од следната владина седница, е на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министрите за одбрана и за транспорт и врски Славјанка Петровска и Благој Бочварски.,
„Преетседателот на Владата ќе го повика Јавното обвинителство, ДКСК, ДЗР, Финансиска полиција и меѓународните тела за контрола на авиосообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ“ се вели во владиното соопштение.
Денеска во просториите на Македонската навигација упаднаа неколку непознати лица, кои, според пријавата што стигнала во МВР, заедно со еден од вработените нападнале тројца други вработени во институцијата.
Едно од лицата кои упаднаа во просториите на М-НАВ, според информациите кои ги објави ТВ Алсат, е претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири.
Од полицијата не го потврдуваат идентитетот на напаѓачот, но соопштуваат дека нападот го извршило лице со иницијали Б.Н. – вработено во институцијата. Алсат потсетува дека Незири, своевремено, беше и член на Управниот одбор на Македонската навигација, како и министер за економија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.