Ќе се реконструира Општата болница во Струмица
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2014 18:00
Одредени тендерски процедури за реконструкција на Општата болница во Струмица,Владата и Министерството за здравство веќе имаат започнато, најави денеска премиерот Никола Груевски.
Идејата е, нагласи Груевски, да се направи нов дел на болницата каде што ќе се смести ургентното одделение, гинеколошкото и оперативните одделенија, а се работи за 6.000 метри квадратни простор за којшто вчера министерот за здравство информираше дека се започнати процедурите за проектирање и градба.
Проектирањето според најавите треба да заврши за околу 1,5 до 2 месеца и подоцна да почне процедурата за почеток на комплетно нова градба.
Според премиерот, тоа е во духот на целото фокусирање на здравството во овие години. - Истовремено имаме градба на нов клинички центар во Скопје, се гради ПЕТ-центарот, наскоро започнува градбата на болницата во Штип, во Струмица, на болница во Кичево, се гради Козле, а се почнати и одредени реконструкции во „8 Септември“, како и во други болници низ цела Македонија, како што е Охрид, а во повеќе други места се вршат градби или реконструкции на постоечките болници. Тоа е силен фокус, што е во износ од над 100 милиони евра само во градби и реконструкции на постоечки болници или градби на нови болници, нагласи Груевски, додавајќи дека набавката на опремата е друга ставка која што исто така е околу 100 милиони евра.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“





