19 Декември, 2025
0.0521

Ќе се реставрира конакот на манастирот во Љубанци

Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2014 18:45

Добивај вести на Viber

Со средства од буџетот на министерството за култура ќе се врши конзервација и реставрација на стариот конак во манастирскиот комплекс „Свети Никола“ во скопското село Љубанци. - Манастирскиот комплекс на црквата Свети Никола од село Љубанци е еден од приоритетите во годишната програма на Министерството за култура. Минатата година се изврши целосен увид на состојбата на конакот, кога се увиде дека е во многу лоша состојба. Токму поради тоа надлежната установа Конзерваторски центар Скопје направи проценка на состојбата и изготвија проект за постојната состојба, вели министерската за култура Канческа-Милевска. Планирано е годинава да се направи демонтажа на покривот и изградба на потпорен ѕид, а ќе се објави и тендер за реставрација и конзервација на конакот. Иконостасот во црквата, кој е изработен од познатиот мијачки мајстор Дичо Зограф, е целосно реставриран и конзервиран од страна на недлежната институција. - Очекуваме до крајот на наредната година да го видиме манастирскиот конак во автентична состојба кој ќе може да прими повеќе посетители, истакна Канческа-Милевска. Манастирот Св. Никола во село Љубанци, сместен на падините на Скопска Црна Гора е комплекс од градби од 19 и 20 век. До 1960 година функционирал како машки манастир, а од 1998 г. е возобновен како женски манастир. Заради погодноста на планинската клима, за време на Втората светска војна манастирот претставувал воздушна бања за болни од туберколоза. Министерството за култура за заштита на културното наследство, има предвидено и проект за конзервација на архитектурата на црквата Св. Ѓорѓи Победоносец во општина Старо Нагоричане, конзерваторско-реставраторски работи на живописот на манастирскиот комплекс Св. Ѓорги,  Кнежино од 14 век, конзервација на архитектурата и живописот на црквата св. Ѓорги во с. Курбиново.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии