06 Декември, 2025
0.0388

Ќе се соберат ли 5.000 евра за спасување на „Џез ФМ“?!

Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2013 12:17

Добивај вести на Viber

Ален Хаџи-Стефанов, сопственик и главен уредник на „Џез ФМ“,  објасни дека радиото е во „финансиска дупка“ од 5.000 евра. Доколку не се плати износот до есен, радиото ќе биде затворено кажа тој во интервју за порталот www.intervjua.com.mk.

По тој повод вечерва како и јубилејот-15 години од неговото постоење во етерот, во 19 часот, на платото пред Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт под мотото „Спасете го Џез ФМ“ чија цел е да се собере сумата од 5.000 евра.

Засега на листата со изведувачи се: џез-гитаристот Тони Kитановски и Анета Kачуркова, перкусионистот Оскар Салас, тапанарот Александар Секуловски и вокалистката Амалиа Бараона, како и бендовите „Летечки пекинезери“, „The Swingers“ и „Kabadayas“.

„Јас сум скептик за успехот следејќи ја општата економска состојба на просечниот граѓанин, и се ќе зависи од тоа колкав број на луѓе ќе дојдат. Но, потенцирам дека сме свесни оти ова всушност не е вистинското решение, туку само брз потег кој треба да ја запали црвената ламбичка дека тоа што го уживате секој ден утре нема да биде таму. А ви гарантирам дека ако го снема, никогаш повеќе нема да го видите во волку чиста форма, ако го видите (слушнете) воопшто“ вели Хаџи-Стефанов.

Според него, решение за спас на радиото на подолг рок е пополнувањето на „постоечкиот и претежно празен маркетиншки простор“.

Маркетинг-директорот на „Џез ФМ“, Виолета Kинг, за Дневник објасни дека концертот во МKЦ всушност е само почеток на кампања која ќе продолжи и во иднина.

„Сериозните проблеми почнаа откако Советот за радиодифузија на Република Македонија ги укина грантовите за радијата. „Џез ФМ“ ја имаше таа привилегија и шанса, благодарение на програмата што ја нуди, редовно да аплицира на тендерите што ги објавуваше Советот и навистина среќна околност за радиото беше што редовно добиваше. Една од првите и секако најамбициозна програма што радиото ја доби од радиодифузниот совет и со задоволство ја реализира е „Историја на џезот“, презентирана во 52 емисии. Но, за жал, ова поддршка повеќе не постои“, објасни таа.

Билети за настанот нема да се наплаќаат, но секој посетител ќе може да му помогне на радиото со тоа што ќе донира средства.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј