Ќе се сончаме летово на плажа или плановите ќе пропаднат?
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 14 Април, 2020 06:51
Поради епидемијата на коронавирусот, неизвесно е како ќе помине летово и дали граѓаните ќе можат да заминат на одмор надвор од земјата.
До 1 јули нема да има реализација на аранжмани преку агенциите, а за понатаму не се знае.
Но, дури и да се отворат границите, граѓаните ќе имаат одредена доза на резерва и нема да можат слободно да патуваат како претходно.
Но, состојбата се менува од ден во ден, а туристичките агенции ги следат препораките и мерките на Владата.
„Што се однесува до реализација на аранжманите за годишните одмори во оваа ситуација на вонредна состојба е тешко да се каже дали ќе биде остварлива. Ситуацијата се менува секојднево од час во час и согласно препораките на властите тоа е непредвидливо. Не се знае до кога ќе трае ваквата состојба за да може нешто од планираното да се исполни. Она што се предвидува и планира од страна на туроператорите и туристичките агенции е летните аранжмани да се откажат, меѓу другото и поради неизвесноста во делот на регулирање на патниот сообраќај со одредени држави што би било последователно на кризата. Најавите од одредени земји на Европската Унија за воведување на посебни здравствени потврди за патување не остава простор за било каква одлука во моментот. Ситуацијата во туризмот на глобално ниво е повеќе од комплицирана. Но, едно е сигурно, здравствената криза предизвика сериозна криза во туризмот која ќе се одрази на подолг рок“, вели Биљана Пејоска Ристеска, извршен директор на Стопанската комора за туризам.
Вообичаено македонските граѓани најчесто одмораат во Грција, а тамошните медиуми пренесуваат дека мерките ќе се олеснат и дека во јули веќе ќе може да се оди на плажа.
Kaj граѓаните сепак има скептичност.
„Јас лично не би патувала надвор, туку да речеме би одморала во Македонија на планина или на езеро. Сакам активно планинарење. Би одела во Охрид“, вели Билјана Василева, граѓанка.
Коста Тахов од Велес, кој патува со велосипед, вели дека би заминал на патување, но би внимавал да има што помалку контакти со луѓе.
Но, голема несигурност за патувањата има не само кај нас и во регионот, туку и пошироко.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен деновиве повика да не се брза со планирање на одмори, затоа што не се знае што ќе се случува во јули и август.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





