05 Декември, 2025
0.0284

Ќе се субвенционира одгледувањето на Шарпланинец

Објавено во: Агробизнис 05 Јануари, 2014 20:00

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски најави субвенции и за македонскиот овчарски пес, Шарпланинец за идната година во интервју за МИА. - За прв пат во 2014 година треба да се започне со пилотирање на агроеколошките мерки за дополнителни плаќања за македонските автохтони раси праменка, буша и македонскиот овчарски пес, шарпланинец – изјави Димовски. Ова е една од новините во распределбата на земјоделските субвенции кои за 2014 година се во висина од 140 милиони евра. - Поддршката за секторот продолжува и во следниот период. Владата согласно Националната програма, за 2014 година предвиди дополнително зголемување на средствата за поддршка на нови 140 милиони евра. Најголемо зголемување е остварено кај износот на поддршка на мерките од политиката на рурален развој кој треба да изнесува 28 милиони евра. Овие средства ќе бидат насочени пред се кон поддршка на инвестициите на земјоделски стопанства и преработувачи, и особено за поддршка на руралната инфраструктура – во прв план подобрување на наводнувањето на земјоделските површини – изјави Димовски за МИА.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?