Ќе се вложува во системите за наводнување
Објавено во: Агробизнис 04 Јуни, 2014 20:00
Од 2015 година, па во следните 10 години, Владата ќе вложи 200 милиони евра во проширување и реконструкција на постојните и изградба на нови објекти во системот за наводнување.
Според Акцискиот план, што го подготви владиниот Комитет за наводнување, инвестициите во првите години ќе изнесуваат по 18 милиони евра годишно, а потоа ќе се зголемат на најмалку 20 милиони евра секоја година.
„Наводнувањето остана еден од погорливите проблеми во земјоделството кој во иднина се заканува да биде уште погорлив имајќи ги предвид климатските промени и дотраеноста на системите“, рече премиерот Никола Груевски. „Нема добро земјоделство без вода и тоа на нас како Влада ни е сосема јасно. Се работи за добро организиран, систематски приод на инвестирање во наводнувањето. Се надеваме дека документот на крај ќе биде општо прифатен. Ова е документ кој не сакаме да остане само на хартија, туку да биде реализиран“.
Плановите за инвестиции во овој сегмент биле изработени во соработка со водостопанските претпријатија, корисниците на државно земјоделско земјиште, со фармерите кои имаат поголеми земјоделски површини, како и во консултација со експерти од Турција, Израел и Хрватска.
„Преку овие инвестиции имаме намера површините под системот за наводнување да бидат од 80 до 85 илјади хектари и добар дел под ситемот за одводнување. Тоа се сериозни површини затоа што сакаме да обезбедиме континуитет на земјоделското производство, зголемување на количините и на квалитетот на земјоделските производи и справување со климатските промени“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Годинава ќе започне и изградбата на браната на Оризарска река во Кочани и на браната Коњско во Гевгелија, кои се два значајни проекти за земјоделството. Истовремено се продолжува и со реализација на втората фаза од хидросистемите Злетовица и Лисиче.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





