20 Декември, 2025
0.0739

Ќе се вработуваат речиси 300 педагози и психолози во училиштата

Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2013 18:57

Добивај вести на Viber

Министерството за образование и наука ќе вработува 294 лица (педагози и психолози), кои ќе ги советуваат учениците кои имаат одредени проблеми. притоа, 90 вработувања се најавени  во првата фаза, а во тек е огласот за вработување пет стручни профили, како и обезбедување педагог или психолог во училиштата каде ги нема. Како што информираше министерот за образование и наука Спиро Ристовски, министерството изготвило две програми за советување на учениците во основните и во средните училишта во кои јасно се утврдени постапките по кои треба да се одвива советодавната работа. Така, прво ќе се идентификуваат учениците што имаат проблеми, а потоа ќе се праќаат на индивидуално или групно советување. „Програмите за советување ќе придонесат за јакнење на воспитната улога на психолошко-педагошките служби во училиштата, пред се на наставниците како клучна алка во воспитно-образовниот процес, затоа што тие се лицата кои поминуваат најмногу време со учениците и први ги детектираат симптоматичните однесувања кај нив, а потоа пристапуваат кон надминувањето на одреден проблем или причина која предизвикала негативен ефект во процесот на нивната едукација“, појасни Ристовски и посочи дека програмите веќе се објавени во Службен весник и веќе стапиле во сила. Ланската учебна година имало 6.900 советувања на ученици за различни видови проблеми. Главна цел, вели Ристовски, е да се надмине проблемот со кој се соочува некој ученик – нередовност (ако има повеќе од 10 неоправдани или 100 оправдани отсуства од настава), манифестирање несоодветно однесување, слаби оценки и слично однесување.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии