Ќе се забрани загадувањето на Преспанското езеро
Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2013 18:40
Ќе се забрани внесување туѓи растителни и животински видови, непречистени отпадни води од домаќинствата и индустријата, но и штетни материи кои би можеле да предизвикаат хемиски, физички, биолошки, микробиолошки и други промени во Преспанското Езеро.
Ова се предвидува со дополнувањата на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата.
Со Законот се забранува испуштање нафта и отпадни масла од пловните објекти, сечење стебла, трска и палење оган во крајбрежниот појас на Езерото, деградирање и уништување на природните живеалишта особено на местата каде животните се размножуваат или престојуваат во границите на споменикот на природата, поставување капацитети за одгледување риби за комерцијални цели во крајбрежниот појас и во водите, отворање позајмишта за црпење песок и поставување објекти и инсталации во крајбрежниот појас кои можат да го нарушат природниот амбиент или да имаат негативни влијанија врз развојот на природните процеси.
Изто така се забранува и преземање активности со кои се прекинува природната комуникација меѓу Езерото и крајбрежниот појас, изградба на бетонски и камени ѕидови, како и објекти од траен карактер во крајбрежниот појас во широчина од 50 метри. Дополнувањара во Законот го минаа првото читање во Собрание, а треба да помогне во зачувување на животната средина и развој на туризмот.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





