26 Ноември, 2024
0.2256

Ќе се рестартираат мешовитите комисии со Грција и Бугарија, но и исплатата на дебелите хонорари за членовите

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Билатералните експерстки комисии кои се формирани согласно со Преспанскиот и со Договорот за добрососедство седум месеци не ги добиле своите месечни хонорари кои се движат од 61.500 денари до 73.800 денари по застојот поради корона-кризата и предвремените парламентарни избори во земјава.

„Фактор“ не доби навремена информација зошто во меѓувреме заостанатите хонорари не се исплатени и кога ќе продолжи нивната исплата? Дополнително, дали постои рок, односно договор до кога би се исплаќале во иднина овие хонорари? 

Единственото објаснување може да се најде единствено во точката од владина седница дека „се разгледувала исплата на заостанати хонорари и исплата на хонорари до крајот на фискалната 2020 година, на координаторите и на членовите на комисиите кои произлегуваат од превземените обврски од потпишаните билатералните договори со Република Бугарија и Република Грција, формирани со Решенија на Владата на Република Северна Македонија“.

Останува нејасно дали има спор за исплата на овие хонорари меѓу Владата и членовите на трите билатерални комисии - Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Грција; на Меѓународната група на експерти за имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци со Грција, како и на Заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.

Според податоците до кој дојде „Фактор“ од „Отворени финансии“ на координаторите Виктор Габер, Драги Ѓорѓиев, како и на Александар Литовски им биле исплаќани од 73.700 до 73.830 денари редовно секој месец од Министерството за надворешни работи, но до март 2020. Истото се однесува и на останатите членови:

Неда Здравева, Ѓорѓи Филипов, Арта Билали Зендели, Јадранка Дабовиќ Анастасовска, Валентин Пепељугоски се исплаќани со по 62.000 денари. Ана Чупеска-Станишковска, Фахри Рамадани, Никос Чаусидис, Далибор Јовановски, Људмил Спасов добивале по 61.525. Љупчо Ристески, Дарко Стојанов, Петар Тодоров, Љубица Спасковска и Ванчо Ѓорѓиев „инкасирале“ по 61.495 месечно.

Во меѓувреме се подготвува повторно рестартирање на комисиите, особено по притисокот што доаѓа од Бугарија, неодамнешната посета на премиерот Зоран Заев во Атина, како и најавениот датум за почетокот на преговорите со ЕУ кон крајот на годината. Министерот за надворешни работи Бујар Османи има најавена петочна средба со шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.

Во понеделникот од кабинетот на премиерот Заев објавија дека остварил средба со членовите на македонскиот дел на Интердисциплинарниот комитет за историски, археолошки и образовни прашања формиран меѓу Северна Македонија и Грција согласно Договорот од Преспа. Според соопштението, на средбата било констатирано дека е постигнато ниво на конструктивна соработка во Комитетот во рамки на одредбите од Договорот од Преспа.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!