ЌЕ СТРАВУВАМЕ ОД НОВИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ КОИ ЌЕ СТАНУВААТ СЕ ПОСИЛНИ: Ќе имаме и вистинска снежна бајка, еве ги деталите
Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2023 09:58
Метеорологот Славчо Попоски, објави најнова метео анализа за зимата што доаѓа.
„ Според најновите направени анализи со помош на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF – Европски центар за среднорочна прогноза), оваа зима врнежите од дожд и од снег воопшто нема да ни фалат.
Месеците декември, јануари и февруари ќе бидат исполнети со врнежи и тие ќе бидат натпросечно високи, што значи дека и дождот, а и снегот нема да ни недостигаат. Не само кај нас, туку во целиот регион очекуваме чести врнежи од дожд и снег и вистинска снежна бајка.
Температурите ќе бидат малку над просекот, што значи не очекува поблага зима, но со многу повеќе снег за разлика од изминатите години. Секако дека поларниот вртлог повремено и кај нас ќе придонесува екстремно ниски температури на воздухот.
Оваа зима повторно целиот регион, но и нашата Македонија ќе стравува од нови временски непогоди, кој стануваат се посилни и посилни. И оваа зима ќе стравуваме од појава на поплави и свлечишта поради очекуваните чести и обилни врнежи од дожд и снег“, објави тој.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




