ЌЕ ТРАЕ ДВА ДЕНА: Турција воведе полициски час
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 11 Април, 2020
Полициски час кој ќе трае два дена е на сила во Турција.
Турција им нареди на жителите од 31 град, вклучително и Истанбул и Анкара, да не излегуваат 48 часа од ноќеска на полноќ.
Oва се дел од новите строги мерки за борба против пандемијата на коронавирус.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека одлуката за карантин ќе се реализира до полноќ во недела, вклучувајќи ги Истанбул, економскиот центар на земјата и главниот град Анкара.
Министерот за здравство Фахретин Коца изјави дека пандемијата однесе 1.006 животи во Турција досега и дека се пријавени нови 4.747 случаи.
Од Ковид-19, во последните 24 часа во земјата починаа уште 98 лица.
Повеќе од 300.000 тестови веќе се спроведени во земјата со население од 83 милиони, според најновите официјални податоци.
Над 47.029 заразените со коронавирус во државата живеат во Истанбул, град со население од повеќе од 15 милиони жители.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.