ЌЕ ТРАЕ ПЕТ МЕСЕЦИ: Приправничкиот стаж на полицаец - приправник се скратува
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 25 Март, 2020 18:06
За зајакнување на капацитетот на МВР, Владата донесе уредба со која траењето на приправничкиот стаж на полицаец - приправник се скратува од шест на пет месеци.
Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба со која се утврдува дека приправничкиот стаж на полицаец – приправник кој има склучено договор за вработување во Министерството за внатрешни работи на 1 ноември 2019 година согласно членовите 99 и 102 од Законот за внатрешни работи, трае пет месеци.„Оваа уредба е донесена заради прогласената вонредна состојба во државата која наложува ангажирање на целокупниот капацитет на организациските единици во рамки на Министерството, вклучително и полицајците – приправници, и од тие причини се предлага оваа уредба со законска сила, со која траењето на приправничкиот стаж на полицаец - приправник (утврден во член 102 од Законот) се скратува од шест на пет месеци“, информираат од Владата.
На овој начин ќе се овозможи дополнителен број на полициски службеници, согласно потребите, динамиката, обврските и задачите што ги има полицијата, за спроведување на одлуките, препораките, заклучоците и мерките што ги утврдува Владата на Република Северна Македонија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски





