05 Декември, 2025
0.0490

ЌЕ ТРИЈАТ ЛИ РАЦЕ ПЧЕЛАРИТЕ: Колку мед очекуваат по кошница?

Објавено во: Агробизнис 25 Април, 2018 06:20

Добивај вести на Viber

Оценката на пчеларите е дека оваа година досега е добра и ќе биде медоносна за разлика од лани кога имаа мало производство на мед.

Ако нема големи промени на времето, годинава  ќе биде драстично подобра од минатата, а одгледувачите на пчели ќе тријат раце и добро ќе заработат.

„Влага има во земјата, багремот не е измрзнат, а собирањето на мед е ударно две недели во месец мај. Ако се случи да паднат температурите или да дува ветер тоа не им одговара на пчелите. Лани во Куманово собравме многу малку мед, а нешто подобра беше состојбата на Скопска Црна Гора. Општо во цела Македонија беше лоша годината. Климата се смени и си го направи своето. Во времето кога јас почнував можеше да се заработи месечна плата од 20 кошници со пчели, а денес не може ниту со 200 затоа што настапија лоши години. Но, сепак овие приходи се убава поткрепа на семејството“ – вели Бранко Тасевски од пчеларското друштво „Пчела“ од Куманово.

Менде Трајковски, претседател на Сојузот на пчелари на Македонија и на здружението „Нектар“ од Битола, вели дека годинава е добра и можно е да се соберат од 25 до 30 килограми мед по кошница.  За споредба, објаснува дека лани се собрани  2-3 килограми мед по кошница.

„Временските услови се поволни, има влага, вегетација, а најавите за дожд даваат надеж дека таа вегетација ќе продолжи. Климатските услови се многу важни  и очекуваме дека оваа година ќе биде многу подобра од претходните 2-3 години. Ако некој работи професионално и сериозно од ова може да се живее затоа што не е само медот, туку има и млеч, полен, восок, прополис, нуклеуси, матици“ – рече Трајковски.

Боге Јанковски, претседател на пчеларско здружение Еко Кам Мед од Македонска Каменица додава дека 2017 година беше екстремно лоша година, а слаба беше и 2016 година во поглед на производството на мед. Тој очекува дека во Македонска Каменица годинава ќе имаат 20 килограми мед по кошница.

„Од оваа работа може добро да се заработи, но да не биде само производство на мед, туку и на другите пчелини производи да се обрне внимание како прополис, полен, млеч“ – смета Јанковски.

Пчеларите објаснуваат дека нашите производители допрва се едуцираат за собирање на пчелин отров, кој е многу скап, но понатаму сметаат дека и државата треба да ја промени регулативата за да се обезбеди пласман на истиот откако дејноста ќе се прошири во земјава. 

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?