17 Декември, 2025
0.0796

ЌЕ ВИДИМЕ ДАЛИ СЕРИОЗНИ КОМПАНИИ ЌЕ СЕ ЈАВАТ ДА БИДАТ ЗАМЕНА ЗА БЕГ, АКО НЕ ПАРНОТО ПАК ЌЕ ОДИ ПРЕКУ ЕСМ - Бектеши ги смирува скопјани

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2022 07:00

Добивај вести на Viber

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера информираше дека ќе се чека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да ги одземе лиценците на БЕГ, по што преку тендер ќе се бара приватна компанија која ќе управува со топлинската енергија во Скопје.

-Прво ми е жал што град Скопје веќе има формирано таква компанија која треба да се занимава со ова. Тоа е обврска на градот Скопје во случајов. Ако се вратиме назад кога имаше дебата во јавноста, токму градот Скопје и Арсовска кажуваа дека немаат можност оти БЕГ има лиценци. Сега испаѓа дека немале капацитет или не знаат да го менаџираат. Ние нема да ги оставиме скопјани со такви институции. Ќе објавиме јавен повик откако ќе добиеме официјално од РКЕ дека се одземени лиценците. Ако не, ќе одлучиме преку ЕСМ, како што направивме оваа зима, да го менаџира делот со топлинска енергија, рече Бектеши на прес-конференција, како одговор на новинарско прашање.

Тој нагласи доколку се одлучи да се оди преку јавен повик ќе има јасни критериуми за да се најде сериозна компанија која во континуитет и квалитетно ќе ги снабдува скопјани со парно.

-Ако нема таков интерес од приватни компании, тогаш државата ќе ја преземе таа обврска преку ЕСМ, додаде Бектеши.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас